Мазнева: Драстично е намален долгот на ЈП Комунална хигиена – Долговите не биле сервисирани со месеци!

t

В.д директорката на ЈП “Комунална хигиена” – Скопје. Косана Николиќ Мазнева, денеска во одговор на советнички прашања истакна дека долгот на претпријатието кој го затекнала кога беше назначена на функцијата е драстично намален.

– Јас кога дојдов како директор на ЈПКХС претпријатието го затекнав во лоша економска и финансиска состојба со долг од 50 милиони денари. На оваа позиција сум околу 4 месеци, за тоа време загубата е намалена на 23 милиони денари од долг од скоро 50 милиони денари.

Тоа значи дека претпријатието оствари позитивен извештај од 23 милиони и 800.000 денари. Најголеми должници е кон ЈП Дрисла кој го затекнав со долг од 54 милиони денари, истиот е спиштен на околу 30 милиони денари.

Исто така освед Дрисла се појавува и Пуцко Петрол, ние сме големи потрошувачи на нафта и затоа се високи бројките, кон нив имаме долг кој со месеци претходно не е плаќан од 37, 6 милиони денари, а сега е спуште бидејќи се исплатени околу 33,5 милиони денари за 4 месеци,.

Околу чистотата на Град Скопје, се работи за впечаток, факт е дека во одредени делови, бидејќи ние работиме 24/7, кога дојдов како директор го затекнав со голема бројка на специјални несервисирани комунални возила, сега таа бројка е зголемена, неисправни се само неколку воила кои се застарени и не сме во состојба да ги пуштиме на терен за да бидат во активност.

Кога дојдов направив скенирање на теренот, искрена ќе бидам руалните средини се изземени, ќе ги псоетам наредната недела, имаше голем број опожарени контејнери од несовесни граѓани.Минатата недела на главните булевари извршивме замена на 300 пластични контејнери и стотина канти на домаќиства. Зависно од финансиската сиуација размислуваме да набавиме и контејнети од 5 и 7 кубни метри каде може да се фрла и картон и кабаст отпад.

Постојано работиме да биде подобро, најголема наша заложба е дека треба да ја форсираме примарната и секундарната селекција, имавме средби со Пакомак, наредбната недела имаме договорено и состаноци со други постапувачи, истакна Николиќ-Мазнева која додаде дека на сите прашања покрај усниот советниците ќе добијат и писмен одговор и ги покани сите советници да го посетат претпријатието доколку имаат дополнителни прашања или дилеми.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Неправилно одлагање отпад во седум скопски општини…

Како што информираат од претпријатието ЈП Комунална…