Мазутот поефтинува од полноќ

t

 Мазутот од ноќеска на полноќ поевтинува за 1,478 денари за килограм, а цената на другите горива останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,66 отсто.

Новата малопродажна цена на Мазутот М-1 НС ќе изнесува 43,046 денари за килограм. ЕУРОСУПЕР БС – 95 и понатаму ќе се продава за 88,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 за 90,5, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 90, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 85,5 денари за литар.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 2,64 отсто, кај дизелот за 1,75, кај екстра лесното за 1,745 и кај мазутот за 4,114 отсто. Курсот на денарот, пак, во однос на доларот е понизок за 0,112 отсто.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Поскапува мазутот, останатите цени на горивата остануваат…

Малопродажните цени на бензините, дизелот и на…

Се намалува цената на мазутот

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и…

Од полноќ поскапува мазутот

Од полноќ се зголемува цената на мазутот,…

Мазутот поефтинува од полноќ

 Мазутот од ноќеска на полноќ поевтинува за…

Незаинтересираност или местенка: Само една понуда на…

Една понуда е пристигната до АД ЕСМ…