Македонец завршил зад решетки во Бугарија, ова се деталите
Регионалното јавно обвинителство од бугарскиот град Бургас им одреди мерка притвор во траење од 72 часа на државјани на Северна Македонија и на Романија, под сомнеж за организирање на илегален транспорт на мигранти од Авганистан.
Како што соопшти Обвинителството, двајцата странски државјани се товарат дека незаконски им помагале на лица со авганистанско потекло да престојуваат и да транзитираат низ територијата на Бугарија.
Македонскиот државјанин е осомничен за организирање на илегален транспорт на 26 авганистански мигранти, кои биле откриени во неделата во селото Драганци во Општина Карнобат, во реонот на Бургас. Романскиот државјанин, пак, е обвинет илегален превоз на 27 Авганистанци, пронајдени во понеделникот на потегот меѓу селата Житосвјат и Малина во истата Општина.
Авганистанските државјани биле превезувани со две моторни возила со иста марка и модел.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Жена (61) запалила ѓубре, пожарот се проширил…
„Надворешната канцеларија за криминалистички работи Ресен поднесе…
Градското собрание на Лос Анџелес ќе биде…
Градското Собрание на Лос Анџелес во американската…
Лишени од слобода двајца кумановци: Возеле под…
Лишени од слобода двајца возачи во Куманово…
Нетанјаху: На пат сме да ги уништиме…
Израел е на пат кон остварување на…
Ова се најбогатите држави во светот, а…
БДП по глава на жител е груба…