Македонец загина во несреќа во Италија, познат идентитетот!
На периферијата на Равена, Италија, во близина на каменолом се случила сообраќајна несреќа помеѓу два камиона, при што загинал 60-годишен маж, а друг бил повреден.
Жртвата, според информациите, е од Македонија, која живеела во Луго.
До несреќата дошло откако двата камиона се движеле во спротивни насоки, едниот влегувал, а другиот излегувал од каменоломите, кога се случил сериозниот судир.
„Ислами Месут, 60-годишниот државјанин од Македонија е човекот загина вчера во трагичната несреќа во близина на каменолом во Фосо Џијаја“, објавуваат италијанските медиуми.
Администрацијата на општината Луго изразува сочувство до семејството на Месут: неговата сопруга, двете деца и внуците.
„Добро познат во заедницата Волтана. Го викавме Макс (неговото вистинско име е Ислами), од македонско потекло, дошол во Италија пред околу 20 години да работи. И тој отсекогаш го правел тоа, со чесност и посветеност“, напиша градоначалничката Елена Занони на социјалните мрежи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонец загина во несреќа во Италија, познат…
На периферијата на Равена, Италија, во близина…
Каја Калас: Ако сакаме мир, мора да…
Високата претставничка на Европската Унија за надворешна…
Орбан: Ситуацијата е опасна, Европа е на…
Унгарскиот премиер Виктор Орбан денес изјави дека…
Казахстан ремизираше со Белгија, македонската репрезентација има…
Казахстан денес ремизираше 1:1 со Белгија на…
Четири сериозни сообраќајки во Македонија: Повредени повеќе…
Во последните 24 часа на територијата на…