Македонец уби 30-годишна жена со месарски нож пред очите на децата: хорор во Германија
30-годишна жена била убиена во Дортмунд, Германија. Насилникот кој бил од Македонија ја избодел со месарски нож и тоа пред трите малолетни деца, соопштува Билд.
Жената сакала да се раздели од насилниот сопруг и да почне нов живот. После настанот мажот побегнал и ја оставил жената да крвари во ходникот. Малите деца го пријавиле случајот кај соседите. Децата биле на возраст од 3, 4 и 6 години.
Билд пренесува дека жената неодамна се разделила од сопругот кој бил македонски државјанин. Жената долго време трпела семејно насислтво, а на крајот на октомври се преселила со нејзините три деца во нов стан во Дортмунд.
Сторителот потоа бил фатен на автопат во Вирцбург, а се претпоставува дека тргнал да бега на пат кон Македонија. Моментално е во притвор во Нирнберг, од каде ќе биде префрлен во Дортмунд, соопштуваат германските медиуми.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Лисици низ Скопје во близина на Водно…
Во последните неколку дена се појавија видеа…
Обвинение и притвор за лице кое физички…
Основното јавно обвинителство Велес поведе постапка и…
СДСМ: Дебакл на економиските политики на власта…
Согласно последните податоци на Евростат, Македонија денес…
„ЈА ПОВИКУВАМ СИЛЈАНОВСКА ДА СТАВИ ПРСТ НА…
На седумгодишнината од потпишувањето на Преспанскиот договор,…
Димитриоска Кочоска: За нула евра сме ја…
Во овој момент за нула евра сме…