Македонија без Алиоски против Велс, тешка повреда за македонскиот репрезентативец
Според информациите од швајцарските медиуми македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски доживеал сериозна повреда. Тој има повреда на левата фибула односно потешка фрактура, која најверојатно ќе го оддалечи неколку месеци од терените.
Алиоски се здобил со повреда на дуелот меѓу неговиот тим Лугано и Сервет и по 20-тина минути го напуштил теренот. Се очекува паузата односно отсуството да биде меѓу 2-3 месеци.
Во секој случај ова не се убави вести за селекторот на македонската репрезентација Благоја Милевски, бидејќи националниот тим во ноември го очекува клучниот дуел од квалификациите за Светското првенство против Велс во Кардиф.
Македонската репрезентација има шанси за второто место во групата и со тоа по вторпат да играме бараж за пласман на Светското првенство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонија без Алиоски против Велс, тешка повреда…
Според информациите од швајцарските медиуми македонскиот репрезентативец…
Бесент: Русија ќе ги почувствува последиците од…
Американскиот министер за финансии, Скот Бесент ,…
Орбан оди кај Трамп поради руската нафта
Унгарскиот премиер Виктор Орбан следната недела ќе…
Филипче: Власта за година и половина не…
Вистинското прашање на кое треба да се…
ИЈЗ ја откри Америка:Хаосот со сметот го…
Институтот за јавно здравје предупредува дека хаосот…