„Македонија без Бугари – оган да ја изгори“, напиша Красимир Каракачанов од Битола
„Македонија без Бугари – оган да ја гори!“, порача екс-министерот за одбрана на Бугарија и претседател на бугарската ВМРО-БНД на денешното отварање на т.н. културен клуб „Иван Ванчо Михајлов“.
Каракачанов го потсети и премиерот Петков, кој беше присутен на отварањето на т.н. клуб во Битола, следниот пат кога ќе размислува на преговори, да се потсети на групата Македонци кои на неколку метри од него ги пцуеле Бугарите во Македонија.
Денес, во Битола беше отворен т.н. културен клуб „Иван Ванчо Михајлов“, како што вели Каракачанов – бугарскиот херој.
Ванчо Михајлов бил следбеник на хитлеровата идеологија, а своевремено барал и вклучување на Македонија во нацистичката оска, со цел ослободување на Македонија и формирање на независна Македонска држава.
Иван Михајлов Гаврилов (26 август 1896 – 5 септември 1990), познат уште како Ванчо Михајлов, Ванче Михајлов и Радко — раководител на ВМРО и контроверзна историска личност во Македонија. Се школувал во Штип, Солун и Скопје, каде што завршил гимназија (1915). По Првата светска војна студирал право на Софискиот универзитет, бил еден од основачите и прв претседател на студентското друштво „Вардар“. По пристапувањето во ВМРО бил секретар на Тодор Александров, пунктов началник за Софија, а по убиството на Александров бил член на ЦК на ВМРО (1925), реизбран и по убиството на Александар Протогеров (1928). До 1928 година бил одговорен за снабдување на Организацијата со муниција. Од 1928 година ВМРО никогаш не одржало официјален конгрес на кој тој поднел извештај за неговата работа.
Според јавно достапни извори од Централната разузнавачка агенција (CIA) на САД по 19-мајскиот преврат и забраната на ВМРО (1934) бил тајно пренесен во Турција (официјално емигрирал), а оттаму заминал во Полска (1938). За време на Втората светска војна престојувал во Загреб, кај Анте Павелиќ како негов специјален гостин и соработувал со германските воени служби. По доаѓањето на Германците во Загреб Михајлов се преселува во Виена каде живее како специјален гостин на Нацистите. Пред крајот на војната, со поддршка на Германците, дошол во Македонија, Скопје, септември 1944, со задача да формира квислиншка Независна Држава Македонија, но не нашол на поддршка.
Тој е сметан за бугарофил од официјалната историска наука во Македонија и за деец на бугарското национално-ослободително движење во Бугарија. Иако Михајлов не признавал посебна национална самобитност на населението во Македонија, тој се залагал за назависна и обединета Македонија со главен град Солун.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Траги-комедија во Бугарија: Огромен крокодил живее меѓу…
Двометарски нилски крокодил живее во јама на…
Земјотрес во Бугарија
Слаб земјотрес со јачина од 2,3 степени…
Се крчкаат нови предвремени избори во Бугарија
Бугарската партија „Има таков народ“ (ИТН) утре…
Македонија ја прегази Бугарија за финале на…
Македонската кошарка има нови јунаци! Јуниорската репрезентација на Македонија на…
(Фото) Нов пожар во Битола во близина…
Пожар избувна во близина на железничката пруга…