Објавено на:

Македонија воздржана: Генералното собрание на ОН ја поддржа палестинската „pезолуција за ставање крај на израелската окyпациjа“

t

Генералното собрание на ОН денеска со големо мнозинство ја поддржа необврзувачката палестинска резолуција со која се бара Израел да го прекине своето „незаконско присуство“ во Газа и окупираниот Западен Брег во рок од една година.

За резолуцијата гласаа 124 од 193 членки на светската организација, 14 беа против, 43 беа воздржани.

Во резолуцијата се бара и повлекување на сите израелски сили и евакуација на еврејските доселеници од окупираните палестински територии „без одлагање“.

Амбасадорот на Израел во ОН, Дани Данон, ја означи резолуцијата како „обид да се уништи Израел преку дипломатски тероризам“ во која никогаш не се спомнуваат злосторствата на Хамас и „ја игнорира вистината, ги искривува фактите и ја заменува реалноста со фикција“.

Северна Македонија се воздржа од гласање, заедно со Велика Британија, Германија, Италија, Холандија, Австрија, Швајцарија, Шведска, Данска, Хрватска, Бугарија, Романија, Полска, Словачка, Литванија, Украина, Србија, Албанија, Канада, Индија, Австралија и други земји.

Против гласаа САД, Израел, Чешка, Унгарија, Аргентина и други земји.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонија воздржана: Генералното собрание на ОН ја…

Генералното собрание на ОН денеска со големо…

12 загинaти и над 4.000 повpедени во…

Xезболаx денеска објави дека бројот на 3агинати…

Заемот од Унгарија на собраниска седница

Собранието денеска ќе одржи продолжение на 14.…

За задолжувањето може, за бранителите не може:…

Во Собранието за утре е закажана седницата…

Вучиќ: Српскиот народ отсекогаш бил со еврејскиот…

Српскиот претседател Александар Вучиќ по средбата со…