Македонија во драматична завршница загуби на гостувањето во Литванија
Македонската ракометна репрезентација го доживеа првиот пораз во квалификациите за Европското првенство, „црвено-жолтите“ вечерва загубија на гостувањето кај Литванија со 29-27.
Македонија не успеа со 100% учинок да го почне новиот квалификациски циклус, вечерва важевме за благ фаворит во пресметката против Литванија, но во драматична завршница загубивме со 29-27.
По нашето водство од 0-1 и 1-2, Литванија наметна игра и во 18. минута стигна до највисоки +4 (9-5).
Кирил Лазаров потоа повика тајм аут, „црвено-жолтите“ заиграа подобро па до крајот на првото полувреме успеавме да се вратиме на „минус еден“ и на одмор се замина со резултат 13-12.
Вториот дел донесе изедначена игра, се играше гол за гол се до 54. минута, кога Литванија успеа да дојде до два гола предност. Домаќините знаеја како да ја одржат оваа позитива, судиите им дадоа малку ветер во грб, па на крајот славеа со 29-27.
Најефикасен во нашите редови беше Филип Кузмановски со осум гола, Пешевски и Серафимов имаа по пет. На спротивната страна со по седум гола најефикасни беа Маласинскас и Антанавичиус.
Квалификациите за Европското првенство продолжуваат во 2025 година со двомеч против Словенија, а претходно нашите најдобри ракометари ги очекува настапот на СП 2025 во Хрватска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ужас во Охрид: Автомобил влета меѓу пешаци…
Стравична сообраќајка вечерва ја потресе Охрид –…
Сите ја плаќаме цената на иранските напади,…
Бенјамин Нетанјаху кажа дека целиот израелски народ…
МАКЕДОНИЈА НА УДАР ОД ГЛОБАЛНИТЕ КРИЗИ: Како…
Продолжувањето на конфликтите на Блискиот Исток и…
Просторот околу Собранието прогласен за безбедносна зона…
Собранието на предлог на Владата, усвои нов…
Сенатот го усвои крипто-законот кој е поддржан…
Сенатот на САД го усвои Законот за…