Македонија во луда драма ремизира со Португалија на ЕП 2026!

t

Ракометната репрезентација на Македонија водеше голема битка со Португалија и на крајот успеа да дојде до бод (29-29) со големиот фаворит на Европското првенство (ЕП) во Скандинавија. Овој бод доаѓа по поразот од Данска, а во последната рунда на групната фаза, нашите ракометари играат со Романија. Шанси за втор круг постојат, но има многу калкулации и математики кои ќе се прават по комплетирањето на колото.

Лазаров ги врати Митревски и Пешевски во ростерот, а почна со Велковски, Џонов, и Стојковиќ во стартната седморка. Мечот добро го отвори Митревски, а првите наши голови еба дело на Велковски и Кузмановски. На ентузијазамот на нашиот голман и неговите одбрани, следеа голови на Велковски и Стојковиќ за 4-2 во шестата минута. Сепак, следеше исклучувањето на Стојковиќ и голови на Мартин Коста за израмнување во десеттата минута (4-4). Полека се разиграа Кузмановски и Митев и Македонија одржуваше минимална предност. Сепак, Кико Коста и Итуриза на празен гол погодија за португалски пресврт (6-7). На половина од првиот дел Никола Маркоски доби црвен картон, заради опасен прекршок врз Кико Коста. Павле Атанасијевиќ и Ненад Костески не реализираа од чисти позиции, но затоа Џонов погоди за 9-9 и тајм-аут на Оливеира во 19. минута.

 

Пешевски изнуди седмерец, а Кузмановски го реализира и ја врати нашата предност (10-9). Во игра гол за гол, но и со многу грешки во завршната фаза, Македонија на одмор замина со заостанување од два гола (13-15). Лоша вест е што се повредија нашите две леви крила, Петар Атанасијевиќ и Иван Џонов, и Аларов го заврши првиот дел на невообичаена позиција. На стартот на вториот дел, Македонија влезе во низа грешки. Направи три во низа, а тоа Португалците го искористија.

Во шест минути, нашиот национален тим постигна еден гол преку Филип Кузмановски, додека на спротивната страна противникот даде четири, за прво поосетно водство на Португалците (14-19). Главно оружје на ривалот беше играта „седум на шест“ во овие моменти. По еден тајм-аут, Кузмановски и Велковски врзаа два гола, но имавме потешкотии во одбрана, па Португалија го чуваше плусот (17-21). Сепак, по едно исклучување на Итуриза, Атанасијевиќ врза два гола, за 19-22, а по одбрана на Митревски, Стојковиќ донесе 20-22.

 

Во продолжението од мечот, Македонија цело време бркаше негатива, ама не успеа да спушти на помал минус од два гола. Голманот Капдевиља беше одличен меѓу стативите, на влезот на последните десет минути беше 23-25. По една одлична одбрана на Мартин Томовски, Македонија доби прилика да напаѓа за минус од еден гол. По тајм-аут на Лазаров, Кузмановски даде гол под фаул за 24-25, а Итуриза беше исклучен. Во следниот напад Томовски одбрани, Серафимов под закана за пасивен напад погоди за 26-26 и следеше драма во последните минути. Во овие клучни минути, Македонија направи серија од 5-1 за кам-бек, но проблем беше што во следниот напад на Португалија, Павле Атанасијевиќ доби две минути исклучување. Францицко Кошта од пенал реализира за 26-27, Кузмановски донесе 27-27, потоа беше и 28-28 и 29-29, а во финишот, Мартин Томовски фати две топки и успеа да донесе бод за нашиот национален тим.

 

 

Најдобар играч на мечот беше Филип Кузмановски со 15 постигнати гола, додека Мартин Велковски и Павле Атанасијевиќ погодија по четири пати. Кај голманите, јунакот Мартин Томовски забележа осум одбрани, а Никола Митревски имаше три. Кај Португалија, Франциско Коста имаше 11 гола.

 

Извор: Гол.мк

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонија во луда драма ремизира со Португалија…

Ракометната репрезентација на Македонија водеше голема битка…

Македонците бараат поништување на одлуката на албанската…

Македонската заедница од Општина Пустец, преку партијата…

Костова за предложениот закон: Глупаво решение без…

Оштра Реакција на Предлогот за Залог на…

Брисел го активира тајното оружје против Трамп!…

Една од опциите што ги разгледуваат европските…

Oграбени две филијали за брзи кредити во…

Две финансиски друштва во Скопје биле мета…