Македонија гласала „против“ Резолуцијата за осуда на нацизмот
Левица денеска преку соопштение обвини дека Владата продолжува да ги претставува туѓите интереси, наместо да ги застапува принципите и вредностите на македонскиот народ. Со гласањето „ПРОТИВ“ Резолуцијата за осуда на нацизмот, Македонија уште еднаш покажа дека нејзината надворешна политика останува заробеник на колективниот Запад, порачаа од опозициската партија.
На 17 декември, во Њујорк, за време на 79-то заседание на Генералното собрание на ОН, беше усвоена Резолуцијата за борба против глорификацијата на нацизмот, неонацизмот и другите практики кои поттикнуваат расизам и ксенофобија. Документот доби поддршка од 119 држави, а Македонија гласала „ПРОТИВ“.
-Уште позагрижувачки е фактот што Македонија, преку својот претставник Душко Узуновски, се вброи во малцинството од 53 држави кои ја отфрлија резолуцијата, и тоа во година кога светот ја одбележува 80-годишнината од Победата над фашизмот. Со овој чин, Владата демонстрира дека не ги почитува жртвите на антифашистичката борба ниту вредностите на АСНОМ, кои се темел на нашата државност, посочуваат од партијата на Димитар Апасиев.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Вајц: Бев мета затоа што одбив да…
Тој се пожали дека бил цел на…
Важно известување: АХВ со нови мерки за…
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…
Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…
Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…
Дебитантот Деспотовски: Против Белгија мораме да бидеме…
Македонската фудбалска репрезентација в петок на 6…