Македонија „горда“ … Вицепремиерот Изет Меџити не ја исклучува можноста за ревидирање на училишните учебници со навредлива содржина кон Албанците и другите заедници

t

Првиот вицепремиер Изет Меџити ветува дека ќе ги ревидира учебниците со навредливи содржини кон албанската култура и историја. Тој за Алсат изјави дека за ова прашање може да се дадат ингеренции на Институтот за културно и духовно наследство на Албанците. Меџити подвлече дека тоа ќе се случи без потреба да се чека регионална иницијатива, осврнувајќи се на можноста за отворање учебници, по барањето на бугарскиот претседател Румен Радев, кој пред неколку дена отворено побара промена на дел од учебниците.

„Без разлика дали ќе отворат или не, ние не влегуваме овде за да ја смениме историјата, има навредлива тенденција кон албанската историја, албанската култура и тука не ни треба никаква регионална иницијатива, но сметаме дека еден од начините ќе биде да се даде овластувања на Институтот за културно наследство, кој има капацитет и се обврзува, да ги филтрира овие текстови, да ги ревидира овие текстови и откако ќе бидат ревидирани, тие одат во рацете на децата„, рече Изет Меџити, прв вицепремиер.

Во Македонија има многу учебници во основното и средното образование со навредлива содржина, со историски искривувања, со јазични и суштински грешки.

Во книгата Географија за втора година средно се вели дека Албанците биле Македонци и дека со прифаќањето на исламската вероисповед биле албанизирани. Понатаму, во учебниците од оваа тема Косово се нарекува Србија.

Дури и книгата по историја за прва и втора гимназија има пропусти. Македонские ученици во втора година средно образование од книгата Социологија учат дека Албанците, Турците и Ромите раѓаат многу деца, бидејќи голем процент од оваа популација не е образована и затоа процентот на нивниот наталитет е многу поголем во споредба со Македонците.

Книгата Социологија со ваква содржина е во употреба од 2002 година. Континуирано биле осудувани во медиумите, но институциите, поточно Министерството за образование, освен ветувања дека ќе се избегнат ваквите грешки, досега не превзеде никакви конкретни мерки.

Извор: Алсат.мк

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонија „горда“ … Вицепремиерот Изет Меџити не…

Првиот вицепремиер Изет Меџити ветува дека ќе…

Брнабиќ за трагедијата во Нови Сад: Никој…

Претседателката на српското Собрание Ана Брнабиќ денеска…

Медведев: Америка нема корист од мирот во…

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија,…

Светот пред ВОЈНА! Франија и Британија и…

Франција и Велика Британија и дозволија на…