Објавено на:

Македонија “го освои” Гибралтар со 2 спрема 0

t

Фудбалската репрезентација на Македонија ги заврши двете гостувања без неуспех. По ремито со Бугарија (1-1), нашиот национален тим победи кај Гибралтар (0-2) и привремено скокна на првото место во групата од Лигата на нациите. Ова беше трет триумф на нашиот национален тим над овој ривал и се остана добриот биланс, без примен гол.

Милевски се одлучи за 4-3-3 и промени во одбраната за разлика од дуелот против Бугарија. Илиев започна меѓу стативите, а Тодоровски и Серафимов првпат започнаа во одбранбениот ред. Македонија почна отворено и Трајковски по неполни пет минути ја погоди мрежата на Колинг. Сепак, во моментот на додавање нашиот напаѓач се најде во недозволена позиција и голот оправдано беше поништен. Само три минути подоцна Барди го проигра Милан Ристовски, овој прекрасно пласираше во спротивниот агол, но пречката го спаси Гибралтар.

Во 18. минута грубо погреши Муслиу, враќајќи краток пас до Илиев, пресече Валерино и кога се чинеше дека ќе ја погоди мрежата, биеше во надворешниот нејзин дел и остана 0-0. Во 20. минута Николов по земја одлично биеше, но Колинг со врвот на прстите одби во корнер. По ударот од аголот, Алиоски го проигра Барди, овој ја исфинтира цела домашна одбрана и со одмерен удар по земја го отвори резултатот (0-1). За Енис Барди ова беше десетти јубилеен гол во дресот со државниот грб.

Продолжи нашата офанзивна игра, се редеа шанси пред голот на „црвените“, нашите фудбалери се обидуваа и од далечина, но резултатот не се менуваше. Колинг заслужи аплаузи и по ударот на Спировски, кој го одби во корнер во 40. минута. Иако заслужи поубедливо водство, Македонија само со 0-1 замина на петнаесетминутен одмор.

На стартот на второто полувреме Македонија продолжи да ја држи топката, но немаше конкретни прилики пред противничкиот гол. Изненади тоа што средниот ред почна да ги губи дуелите со противниците, па Гибралтарците имаа два обида при кои добро интервенираше голманот Дејан Илиев. Селекторот Милевски потоа направи две промени да ја освежи екипата, ги внесе Давид и Дориан Бабунски, како и Ашковски, а ги повлече Ристовски, Алиоски и Елмас. Немаше Македонија сериозен обид, се до 84. минута кога вторпат успеа да ја стресе мрежата. Во листата на стрелци се запиша Бобан Николов кој го казни киксот на одбраната и стрелаше низ нозете на Колинг.

За Македонија сега следат два домашни меча. Прво во Скопје гостува Грузија (9 јуни), а три дена подоцна ривал е Гибралтар, исто така на Арената „Тодор Проески“.

Извор: Гол.мк

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонската кујна на 47. место меѓу најдобрите…

Популарниот гастрономски портал за храна и патувања,…

Рекорден пад на вработените во текстилниот сектор…

Текстилниот сектор во Македонија се соочува со…

(Видео) Oдбраната на Мицевска со која обезбеди…

Голманката на македонската репрезентација Јована Мицевска беше една од…

Државата денеска се задолжува со уште 89…

За денеска се закажани две аукции на…

Меџити пред првиот меѓувладин состанок со Владата на…

Два дена пред меѓувладината средба помеѓу Македонија…