Македонија е коспонзор на резолуцијата на САД за Украина, ЕУ поднесе своја

t

Во коспонзорство со Унгарија, Грузија и Израел, Македонија дава поддршка за резолуцијата на САД во Обединетите Нации за Украина, насловена „Патот до мирот“.

Во нацрт-текстот кој пред неколку дена од американскиот државен секретар Рубио беше претставен како едноставен и историски, се повикува на брз крај на руско-украинскиот конфликт и се изразува тага за „трагична загуба на животи“, без да се споменуваат украинските окупирани територии. На прашањето зошто Македонија се одлучи да даде поддршка на оваа резолуција, а не на нацрт-документот за кој се очекува поддршка од поголемиот дел од европските држави, премиерот Мицкоски даде краток одговор.

„ Па така одлучивме, дека ќе бидеме коспонзори на резолуцијата која ја поднесоа Соединетите Американски Држави. Очекувам да истата биде поддржана од мнозинството во рамки на Обединетите Нации. “ Христијан Мицкоски – претседател на Влада.

Подетални аргументи за одлуката споделија од Министерството за надворешни работи, од кадешто велат дека поддршката доаѓа по темелна анализа, но потенцираат дека ставот на Македонија за војната во Украина останува непроменет.

-Актуелно донесените одлуки во врска со нашето последно гласање за резолуциите на Генералното собрание на ОН немаат и не треба да бидат толкувани како повлекување или промена на претходно изразените позиции. Напротив, со нив ја реафирмираме нашата цврста поддршка за Украина и продолжуваме со осудата на агресијата на Руската Федерација, истовремено изразувајќи силна солидарност и одговорност кон украинскиот народ и неговите напори за целосна заштита на територијалниот интегритет, суверенитетот, независноста, слободата и демократијата. – велат од МНР за Канал 5.

Американската резолуција се толкува како своевиден контраодговор на резолуцијата изготвена од Украина и ЕУ, во која се користат поостри зборови кон Русија. Во документот се изразува поддршка на територијалниот интегритет на Украина и се бара итно повлекување на руските трупи.

Според премиерот Мицкоски, предлагачите на двете резолуции имаат иста цел.

„ Трансатлантското партнерство не е само наш приоритет, туку и на Германија и на САД, никој не треба да има никаква дилема. Ова партнерство е гарант за мир секаде во светот, нешто што на сите нас ни е потребно, вклучително и во Украина и било каде во светот генерално кога зборуваме. Во тоа трансатланско партнерство најсилни алки се САД и Германија. “ Христијан Мицкоски – претседател на Влада.

Гласањето за резолуцијата на САД е најавено за денеска на Генералното собрание каде се очекува да гласаат 193 членки. Документот потоа е предвидено да се најде и пред Советот за безбедност на Обединетите Нации, кадешто во моментов претседава Кина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп со застрашувачка објава: Итно евакуиратје го…

Американскиот претседател Доналд Трамп на социјалната мрежа…

САД се подготвуваат да копаат литиум во…

Украинските власти ги презедоа првите чекори за…

Земјотрес со јачина од 4,2 степени ја…

Земјотрес со јачина од 4,2 степени според…

(Видео) Израел нападнат со ракети и дронови…

Иранските државни медиуми известуваат за заеднички напад…

Курти по изјавата на Трамп: Треба да…

Вршителот на должноста премиер на Косово, Албин…