Македонија е меѓу земјите со прогноза за понизок раст – ММФ: Економски раст од 3,2% и инфлација од 3,4% за Македонија во 2025

t

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) прогнозира дека и годинава и наредната 2026-та година, Македонија ќе ги заврши со раст на БДП од 3,2 проценти.

Македонија е меѓу земјите со прогноза за понизок раст на економојата во најновиот извештај на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). ММФ прогнозира и оваа и следната 2026-та година Македонија да ги заврши со раст на БДП од 3,2 проценти.

Прогнозите се и дека 2025-та, државата ќе ја заврши со стапка на инфлација од 3,4 отсто, а следната таа да падне на 2,2 проценти.

Дефицитот на тековната сметка според прогнозите на Фондот треба да биде 2,2 проценти.

Од земјите во регионот, за Србија прогнозите се да биде со економски раст од 3,5%, Албанија да има повисок БДП за 3,8 проценти, а Косово 4 отсто.

За Црна Гора се прогнозира да има раст на БДП ист како Македонија односно 3,2%, а со најнизок раст на економијата да биде БИХ со 2,8 отсто.

Бугарија која е и земја членка на ЕУ пак се очекува да ја заврши 2025-та со раст на БДП од скромни 2,5%.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Државата беше побавна затоа што мора да…

Нормално е граѓанскиот сектор да биде побрз…

Земјотрес во Македонија

Земјотрес со јачина од 3,8 степени според…

Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…

Будење со звукот на сирените за воздушен…

Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…

Во центарот на Општина Градско, под плаштот…

Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…