Македонија е на чекор од четвртфинале! Младинците повторно донесоа победа
По кратка пауза, Европското првенство (дивизија Б) во Ереван повторно донесе возбудувања, а македонската младинска кошаркарска репрезентација го одигра можеби и најважниот натпревар во досегашниот дел од шампионатот. Во четвртото коло од групата Ц, нашите млади надежи се соочија со селекцијата на Швајцарија во кој победата за нас беше неопходна и на крајот дојдовме до неа со триумф од 81-82.
По четири одиграни кола, нашата репрезентација има биланс од две победи и два пораза, резултат што ја остава во игра за пласман во следната фаза. Во нашите реддови дури петмина кошаркари го завршија денешниот натпревар со двоцифен учинок.
Посебно одличен беше Кечовски, кој реализираше пет тројки од седум обиди и натпреварот го заврши со 16 поени и 4 скока. Ефикасен беше и Стојковиќ, кој запиша 16 поени, 5 асистенции и 4 скока. Иванов придонесе со 14 поени и 5 скока, Ќириловски со 12, а Луканоски додаде 11 поени и 6 скока.
Утре Македонија игра против Данска и тоа ќе биде натпревар за пласман во најдобрите осум, но за дат се најдеме таму ќе треба и Холандија да загуби од Австрија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
НОВ ТОПОЛ БРАН ОД АФРИКА: Во Македонија…
Викендот во Македонија времето е стабилно, суво…
Енчев бара Бугарија да го отповика својот…
Бугарскиот дипломат и поранешен амбасадор, Велизар Енчев…
Костова: Мицкоски е виновен за отворање на…
Единствено Мицкоски и ДПМНЕ се виновни што…
СДСМ: Историски шамар за ВМРО-ДПМНЕ од сопствените…
СДСМ оценува дека денешното однесување на Европската…
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…