Македонија е 29-ти најголем извозник на вина во светот
Македонија е 29-ти најголем извозник на вина во светот и втор извозник во регионт, со вкупен извоз во вредност од 61,4 милиони долари, покажува минатогодишното рангирање Worldstopexports.
Согласно податоците од Државниот завод за статистика, македонските вина најмногу се извезуваат во земјите од регионот, но има успешни обиди за извоз на вино и во Западна Европа и во Кина. Најголем извоз на вино традиционално веќе со години наназад имаме во Србија. Минатата година во Србија биле продадени македонски вина во вредност од 14,8 милиони долари.
Под покровителство на владите на Србија, Македонија и Албанија, а како дел од иницијативата „Отворен Балкан“, годинава ќе се одржи и Првиот меѓународен саем за вино, храна и туризам „Винска Визија на Отворен Балкан“, во Белград, од 1 до 4 септември 2022 година.
На Саемот за вино, храна и туризам, Македонија ќе се претстави со слоганот „Вкуси го животот” фокусирано на регионална, глобална, но и домашна промоција на туристичките, гастрономски и винските капацитети на државата.
Од Македонија ќе учествуваат 42 винарии и три дестилерии кои ќе се претстават со повеќе од 300 различни видови македонски вина и ракии и повеќе од десет производители на храна кои ќе ја претстават автентичната македонска кујна.
Ќе биде организирано и меѓународно оценување на виното од 25 меѓународни судии, а пет од нив се носители на најпрестижната титула во светот на виното – master of wine.
Извор: Локално
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…
РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…
Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…
Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…
(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…
Сиљановска ќе почека да се формира новата…
ДУИ му помогна на Мицкоски за двотретинско…
Со 88 гласа “за” пред 3 часот…
Американската амбасада ќе ги подобрува односите помеѓу…
Аташето за култура и образовани на САД…