Македонија игра аматерска одбрана – Фалангата со свирежи кон Лазаров и ракометарите

t

Очај, нов очај. За победа треба срце, треба желба, очигледно сето ова остана само на зборови, сите заборавија што значи борбеност. Искусните ракометари се претворија во почетници. Па резултатот воопшто веќе не е чуден, 18-11 на полувреме.

Срамота е кога ќе ја погледнете статистиката и ќе заклучите дека нашите голмани имаат само една единствената одбрана во првиот дел. Покрај нив, одбранта делува аматерски, преспоро и е надиграна во секој сегмент на ракометната игра.

Нападот пак, на чело со Серафимов од грешка во грешка и не е само тоа, Лазаров упорно и упорно го игра својот играч од РК Алкалоид.

На крајот на првиот дел Фалангата упати и свирежи кон ракометарите и кон стручниот штаб, кои со смрзнати лица заминаа на пауза.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Би-би-си“: Новата шефица на МИ6 е внука…

МИ6 денес се обиде да ја дистанцира…

Трамп повторно би го бомбардирал Иран ако…

Претседателот на САД, Доналд Трамп, денес изјави…

Турчин приведен во моментот кога сакал да…

На 26.06.2025 во 17:40 часот на Граничниот…

По пожарот во Делчево: Малолетничка побарала помош…

Денеска (27.06.2025) во 00:19 часот во ОВР…