Македонија има најмногу вработени по километар далновод и најкатастрофални капацитети во МЕПСО: Мора да се вработат татините ќерќи и синови!
Македонија, и покрај тоа што има најкатастрофални капацитети за производство на електрична енергија сепак има најмногу вработени на километар далновод во регионот – во МЕПСО, само за плати годишно се трошат околу 600 илјади евра?! За споредба, Македонија има по 30 вработени на 100 километри мрежа, додека во Србија има 12 вработени на 100 километри мрежа, односно 2,5 помалку од Македонија, пишува на Фејсбук Реџеп Исмаил од Левица.
– А кои се вработените во овие државни фирми со енормно високи плати? Па тоа се најблиските роднини на владејачката класа, како на пример: синот на поранешниот премиер Владо Бучковски од СДСМ, ќерката на поранешниот градоначалник на Гостивар Невзат Бејта од ДУИ, сестрата на министерот за економија Крешник Бектеши од ДУИ и слично.
Меѓу другото ова е и причината не само за најскапата струја што ја плаќа народот во Македонија туку и за катастрофалната инфраструктура и неискористените и уништени капацитети за производство на истата, вели Исмаил.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Прв братучед на Изет Меџити е назначен…
Прв братучед на вицепремиерот Изет Меџити, Бурим…
(Видео) Скандал: Фирма на министерката Божиновска должела…
Почитувани граѓани, почитувани медиуми, Денес го објавуваме…
Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…
РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…
Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…
Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…
(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…
Сиљановска ќе почека да се формира новата…