Македонија има стабилен електро преносен систем, тврди Љатифи
Преносниот систем во моментов е во стабилна состојба, а АД МЕПСО е гарант за тоа, оцени денеска генералниот директор на компанијата Бурим Љатифи.
Во текот на велигденскиот викенд, додаде, имаше предизвици и затоа се преземени мерки на исклучување на производители на електрична енергија од системот, но може да кажеме дека правиме максимални напори да го стабилизираме системот и да немаме никакви проблеми во целата мрежа.
-Ние сме соочени со затекнатата ситуација. Една од мерките што ја направивме е зголемување на фиксниот дел од банкарската гаранција за трговците, согледувајќи ги цените на електричната енергија на европските берзи. На долгорочно ниво сметаме дека наведената сума на фиксниот дел од банкарската гаранција е доволна, истакна Љатифи во одговор на прашање на денешната прес-конференција во Владата.
Претходно дел од трговците направија долгови кон МЕПСО од околу 10 милиони евра, а во моментов, како што кажа, долгот изнесува околу 7,2 милиони евра.
-АД МЕПСО континуирано спроведува активности за наплата на неплатените парични побарувања на фирмите трговци со електрична енергија кои во текот на енергетската криза направија дебаланси во електроенергетскиот систем и во значителна мера ги ангажираа системските резерви на компанијата. Дел од компаниите со кои е потпишан договорот за репрограмирање на доспеаните, а неплатени фактури континуирано си ги плаќаат сегашните фактури и ратите од репрограмираниот долг со камата. Други во целост ги подмирија долговите, а за останатите се преземени сите правни мерки за наплата, односно покренати се соодветни извршни постапки и постапки по нотарски платен налог. Во моментов долговите изнесуваат 7,2 милиони евра, посочи Љатифи.
Новиот менаџмент на АД МЕПСО е гарант, како што рече, дека нема да се повторуваат појавните со злоупотреба на менаџерските договори.
-Менаџментот се нафати сериозно да ја поправи ситуацијата. Најпрофесионално и најпосветено уште од првиот ден, па до последниот ден ќе ја вршиме нашата работа и нема да се повторат таквите појави, вети Љатифи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…