Македонија не го праќа амбасадорот во Русија
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска брифираше дека Македонија нема да го прати новиот амбасадор во Русија, кој требало да замине на 15 март.
Ваквата одлука Османи не ја стави во политички контест, туку ја поврза со апелот на нашето МНР сите граѓани на Македонија што се наоѓаат во Русија да се вратат бидејќи може да се случи наскоро да не можат да го сторат тоа, поради забраните за лет за Русија.
Инаку, повеќе земји почнаа да ги протеруваат руските дипломати и да ги забрануваат руските пропагандни медиуми. Деновиве руската амбасада во земјава е многу активна на социјалните мрежи со оправдувања за „специјалната операција“ во Украина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Орбан е сигурен: Војната во Украина ќе…
Вооружениот конфликт во Украина ќе заврши во…
(Видео) Осум дронови нападнаа станбени згради во…
Локалните власти соопштија дека осум беспилотни летала…
Рускиот амбасадор Баздникин повикан во МНР: Врачена…
Попладнево, во Министерството за надворешни работи и…
Македонската амбасада во Киев погодена во руски…
Македонската амбасада во Киев настрадала во руски…
Путин: Подготвен сум на компромис со Трамп…
Рускиот претседател Владимир Путин изјави денеска дека…