„Македонија не е Грција“ – „Матица македонска“ ја објави книгата од турскиот генерал Ознал со факти за Македонија и Македонците
„Матица македонска“ ја објави книгата „Македонија не е Грција“ од Ердоѓан Ознал, генерал на Корпус во Турската армија, познат истражувач и толкувач на балканските состојби.
Ова капитално дело за првпат е објавено во Анкара, во 1993 година, кога силно ја разбранува и грчката јавност, а „Матица македонска“ го објавува во превод на македонски јазик.
Македонија не е Грција и гледано низ историјата, никогаш не била грчка. Македонскиот народ, историски и етнички, никогаш не бил грчки – тој е посебен, вековен народ. Секој народ, сам си го избира своето име. Македонскиот јазик е единствен. Грција го лаже Балканот. Историските, културните и етничките вистини на Македонците треба да се признаваат.
Ова се само дел од пораките испратени со насловите на поглавјата на оваа книга мала по обем, но голема според опфатот на нејзината содржина, напишана со користење документи и податоци од архивите на Отоманската империја, вклучително и од Турскиот воен архив.
Во 1993 година, Ердоѓан Ознал како раководител на Националното воено здружение на Турција учествуваше на симпозиум за Балканските војни во Грција. На брошури, книги и на транспаренти по ридовите на Атина, секаде читал иста реченица: „Македонија е Грција“.
„Грците без престан повторуваа дека Македонија отсекогаш била грчка, дека нема македонски народ итн…“ – сведочи самиот Ознан. Иритиран, побарал збор на симпозиумот и пред 150 присутни рекол: „Македонија не е Грција“, по што настанал молк, без спротивставување од кој и да е друг учесник. Веднаш по враќањето во Турција ја пишува оваа книга којашто говори со јазикот на фактите и ја отсликува Македонија низ вековите во нејзината вистинска светлина. Всушност, „Македонија не е Грција“ е најуверлива негација на грчките небулози, пројавувани во подолг временски период и, особено, по осамостојувањето на Македонија.
– Кога ја пишував книгата бев главен на воените историчари, иако јас не сум историчар по вокација, туку воен пилот. Во Воениот архив имав на располагање 8 милиони документи од 1853. до 1974 година. Таму најдов дека од 1453 година кога султанот Мехмед Втори Фатих го освоил Истанбул, па сѐ до почетокот на XIX век, македонскиот народ бил оставен да живее под Грчката патријаршија. Бидејќи македонскиот народ бил под посебна пресија за асимилација, на 11 март 1870 на Македонците им се дозволило да формираат своја црква, што говори дека Македонците и тогаш биле посебен народ, има напоменато самиот Ознал.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Македонија не е Грција“ – „Матица македонска“…
„Матица македонска“ ја објави книгата „Македонија не…
Скандал во Полска: 288 милиони евра од…
Мапа со преглед на распределбата на грантови…
Владата и „Македонија2025“ со кампања ги повикуваат…
Организацијата „Македонија2025“, во партнерство со Владата на…
Лазов: Формирани 14 стручни комисии од почетокот…
Од 1 јануари до 15 август 2025…
Меланија Трамп најави тужба од над милијарда…
Првата дама на САД, Меланија Трамп, преку…