Македонија не е на агендата: Фон дер Лајен следниот петок во посета на Софија
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен на 8 април доаѓа во Софија на покана на премиерот на Бугарија, Кирил Петков, соопшти прес-службата на Советот на министри. За време на нејзината посета на Бугарија, Урсула фон дер Лајен лично ќе ја претстави оценката на ЕК за бугарскиот план за закрепнување и одржливост (ДИА) и неговата усогласеност со европските барања.
Во рамки на посетата, претседателката на ЕК ќе има средба со премиерот, по што двајцата ќе имаат заедничка прес-конференција. Во програмата е предвидено и Кирил Петков и Урсула фон дер Лајен да посетат проекти чија реализација е поврзана со планот.
Бугарскиот план за закрепнување и одржливост беше поднесен на 15 октомври 2021 година. Како дел од оценката, ЕК ја нагласи потребата од промени во областите како што се енергетиката, владеењето на правото и транспортот со цел да се усогласат со европските барања. Како резултат на активната работа на премиерот Петков и владата, направени се потребните измени и планот е финализиран, се вели во соопштението.
Планот за закрепнување и одржливост вклучува над 100 инвестиции и реформи кои не само што ќе го поттикнат економскиот раст, туку и ќе и помогнат на бугарската економија да се подготви за сегашните и идните предизвици.
Извор: Слободен печат
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бугарија веќе шест месеци нема важен лек…
Повеќе од шест месеци – уште од…
Израел ќе реализира летови за репатријација на…
Израелскиот превозник „ИзрЕр“ вели дека се подготвува…
Радев го поддржа осудениот Ѓоргиевски и ги…
„Случајот против Љупчо Ѓоргиевски и антибугарските изјави…
Радев до Сиљановска: Бугарија никогаш нема да…
Бугарскиот претседател Румен Радев изјави дека Бугарија…
Драма на небото над Бугарија: Авион на…
Авион на „Луфтханза“ кој полетал од Франкфурт…