Македонија номинираше кандидатка за судијка во Хаг!
На денешната седница, Владата, на предлог на Министерството за надворешни работи ја разгледа и усвои Информацијата за номинирање кандидатка, д-р Мирјана Лазарова Трајковска, за судијка во Меѓународниот кривичен суд во Хаг и донесе ваква одлука.
Во текот на јануари, од Меѓународниот кривичен суд со седиште во Хаг, според информацијата од МНР, е доставен повик за номинирање судии до Македонија. Земјава е дел од Источно-европската група од којашто ќе се изберат двајца судии за Меѓународниот кривичен суд, на 22-та сесија на Собранието на земјите членки, што ќе се одржи од 4 – 14 декември 2023 година во Њујорк.
Мирјана Лазарова Трајковска е досегашна судијка во Врховниот суд (која во моментов работи на области во Оддел за казниви дела, Претседателка на Одделот за судење во разумен рок и одделот за судска практика), поранешна судијка во Европскиот суд за човековите права во Стразбур и во Уставниот суд на Република Македонија.
Кандидатурата на Лазарова Трајковска е поддржана од претседателот на Република Македонија, од МНР и од Судскиот совет на Република Македонија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Вајц: Бев мета затоа што одбив да…
Тој се пожали дека бил цел на…
Важно известување: АХВ со нови мерки за…
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…
Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…
Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…
Дебитантот Деспотовски: Против Белгија мораме да бидеме…
Македонската фудбалска репрезентација в петок на 6…