Македонија под топлотен бран, ова се препораките и мерките!
На почетокот на новата работна недела, територијата на целата држава е зафатена од високи температури од портокалова фаза.
Поради тоа, Владата вчера одржа седница на која беа усвоени неколку препораки и мерки.
Се препорачува ослободување од работа во понеделник до среда на бремените жени и лицата над 60 години.
Во истиот период, работодавачите да ги реорганизираат работните активности на градежните работници и на работниците кои работат на отворено, со тоа што ќе се избегне вршење градежни и други работни активности на отворено во периодот од 11 до 17 часот.
Во градинките да не се практикуваат физички активности на отворено од 11 до 17 часот, а општините, Црвениот крст и Центрите за социјални работи во регионите зафатени со топлотниот бран да пружаат помош на осамени, стари, изнемоштени лица и бездомници.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонија под топлотен бран, ова се препораките…
На почетокот на новата работна недела, територијата…
НИЗА ЕВАКУАЦИИ РАНО УТРОВО: Проширен пожарот во…
Неколку населби во североисточниот дел на областа…
(Видео) Прво интервју на Бајден по повлекувањето…
Американскиот претседател Џо Бајден најави дека ќе…
(Видео) При гаснење на пожар изгоре единственото…
Во големиот пожар во Пехчевско изгоре единственото…
Командант Гис: Германија да биде подготвена за…
Германија треба да биде подготвена за голем…