Македонија постои, чувајте ја, се расплака Северина на концертот во Скопје!
Хрватската пејачка Северина синоќа во Скопје докажа зошто е на врвот на листата на пејачи во регионот. Атрактивната Далматинка направи музички земјотрес во „Арената Борис Трајковски“ со својот препознатлив перформанс и хитовите кои повеќеилјадната публика ги пееше буквално од почеток до крај.
Очекувано, на радост на целата публика, Северина двочасовниот концерт го започна со големиот хит „Бред Пит“, а го заврши со „Италијана“.
Облечена во мини фустан во облик на корсет, згодна и одлично расположена, неуморно скокајќи и обраќајќи ѝ се на публиката, не дозволи никој да седне ниту да застане за момент.
Кралица на сцената, како што ја нарекуваат, од калибар на светските ѕвезди. Северина е Северина!
Во еден момент ја понесоа силни емоции, па се расплака на сцената, пеејќи ја песната „Родено мое“, посветена на синот Александар.
На одушевување на публиката, Северина ги допре срцата изведувајќи ги песните „Македонско девојче“ и „Јовано, Јованке“, како и „Македонија“ од Дадо Топиќ.
И за крај, Северина ни порача да ја чуваме Македонија.
– На крајот, имам само една желба, чувајте ја Македонија – порача пејачката.
фото: Прагма продукција
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Денеска се празнува Преподобната маченичка Параскева
Родена е во Рим од родители христијани.…
Метео: Сончево и топло со температури до…
Од УХМР јавуваат дека времето денес ќе…
Герасимов: Запрено е напредувањето на украинските сили…
Напредувањето на вооружените сили на Украина длабоко…
Рускиот опозициски активист: Украина е жртва на…
Рускиот опозициски активист Илја Јашин вели дека…
Во Брисел е нападнат амбасадорот на Азербејџан…
Амбасадорот на Азербејџан во НАТО и неговата…