Македонија прекршува еден од клучните и на основните стандарди на Меѓународната организација на трудот

t

Пораките до работниците, Владата и работодавачите од Лук Триангл – Генералниот секретар на Меѓународната конфедерација на синдикати:

“Ние организираме околу 200 милиони работници низ целиот свет од кои 170 земји. Еден од главните столбови на синдикализмот е прашањето на демократијата, односно дали работниците можат слободно да се организираат во синдикати и дали синдикатите можат слободно да ја вршат својата работа на лидери, да ги организираат работниците, да ги бранат подобрите услови за работа и да преговараат за повисоки плати во ситуација којашто не постои опасност по нивниот живот и здравје. Ние имаме загриженост дека ситуацијата во Македонија веќе не е таква каква што ја опишав затоа што ние веќе 12 години правиме одредено истражување врз основа на 97 индикатори и во јуни секоја година го издаваме таканаречениот глобален индекс за права коишто ја разгледува ситуацијата со работничките права во 151 земја низ целиот свет. Што значи дека, гледаме каква е ситуацијата со работничките и со синдикалните права во 151 земја.

Ова што го покажува овој индекс е тоа дека во овој индекс ние земјите ги рангираме со оценки од 1 до 5 каде што 1 е највисоката оценка, а 5 е најниската. Македонија во последните години имаше оценка 2 којашто беше доста добра оценка, но сега е на оценка 4. Таа бројка со којашто е оценета Македонија значи дека има сериозни прекршувања на работничките права и на синдикалните права и тоа на систематски начин кој означува дека тоа не се случува еднаш, туку се случува континуирано и тоа е нешто што укажува на многу лоша ситуација која не е соодветна за европска држава и затоа сум тука да кажам дека ова не може да биде иднината на Македонија и мораме да ги запреме нападите врз синдикатите, како и врз синдикалните лидери, односно не можеме да имаме ситуација на заплашување на синдикалните лидери..

Улогата на синдикалниот лидер е да преговара за подобри услови за работа за своите членови, за подобри и повисоки плати за своите членови и не може последица од исполнувањето на таа улога да биде кампања на јавно осудување и на јавно критикување. Таа кампања не може да биде црна кампања во медиумите што ги вклучува дури и семејствата и децата на синдикалниот лидер, тоа е апсолутно неприфатливо во Македонија, како и неприфатливо во Европа и било каде во светот, што покажува дека тоа е навистина скандалозно.

Ситуацијата е таква што Македонија денес врши прекршување на еден од клучните и на основните стандарди на Меѓународната организација на трудот, а со тоа и на Обединетите Нации. Имено, Конвенцијата 87 на Меѓународната организација за трудот за заштита на слободата на здружување, работниците имаат слобода да се организираат да се здружуваат во синдикати без страв од одмазда, од дискриминација или од закани.. Тоа е основен трудов стандард на Меѓународната организација на трудот, а со тоа и на Обединетите Нации.

Второто прашање кое сакам да го покренам е нарушувањето во земјата на Конвенцијата 98 на Меѓународната организација на трудот за колективно договарање. Тоа е уште еден основен стандард на Меѓународната организација на трудот којшто им дава на работниците право да преговараат колективно и еден од главните стандарди со коишто се организираат пазарот на трудот и Социјалниот дијалог и во овој стандард забележуваме прекршувања во земјата.

Синдикатите и организациите на работодавачи и Владата како работодавач во јавниот сектор мора да бидат слободни да склучуваат колективни договори на национално, на гранково и на ниво на работодавачот и резултатите од тие колективни договори потоа мора да се почитуваат.

На состанокот со Претседателите на синдикатите во ССМ ми беа дадени неколку примери во коишто Владата се мешала во речиси постигнати договори помеѓу синдикати и работодавачи во приватниот сектор поради притисоци од Владата. Работодавачите во приватниот сектор потоа се повлекле од тие договори и тоа има негативно влијание и се разбира цената ја плаќаат работниците коишто не добиле плати коишто ги заслужиле..

Договори кои се веќе постигнати за зголемување на плата со претходна Влада, а денес не се почитуваат или не се исполнуваат значи се негативен исход, а денес не се почитуваат, тоа беше уште еден пример којшто ми беше даден денес.

Третото прашање кое сакам да го споменам е минималната плата во Македонија. Значи ако имаме ситуација каде што 1/3 од работниците во Македонија заработуваат плата којашто е под линијата на сиромаштија, тоа е неприфатливо. Значи Владата и општеството мора да преземе активност за да се обезбеди дека не можеме да имаме ситуација, односно неприфатливо е да се има ситуација каде што работи работникот коишто работи со полно работно време не може да ги плати своите сметки затоа што платата е под прагот на сиромаштија. А и време е да престанеме да зборуваме за минимална плата, туку да зборуваме за плата којашто овозможува достоинствен живот, а тоа значи дека ако работите со полно работно време и работите напорно, мора на крајот на месецот тоа да ви дозволи да имате плата која што ќе ви дозволи да водите достоинствен живот.

Четвртата опсервација што ја имам е тоа дека имаме уназадување во суштинскиот Социјален дијалог во земјата. Ова го гледаме во вредноста на Економско социјалниот совет и во неговото функционирање, потоа во фактот што Комисијата за репрезентативност исто така има проблеми во функционирањето и ова се знаци дека немаме вистински функционален суштински реален Социјален дијалог во земјата.

Мојата порака, односно моето прашање до Владата би било дали сериозно ги сфаќате социјалните партнери, синдикатите и Организацијата на работодавачи, бидејќи тоа се организации коишто здружуваат илјадници работници, стотици илјадници работодавачи, а и во една вистинска демократија на Социјалниот дијалог е еден од столбовите на таквата демократија. Така што, не сакаме да имаме ситуација каде што социјалниот дијалог ќе биде само на хартија, а во реалноста нема навистина да функционира.

Последната поента којашто сакам да ја покренам е тоа што Меѓународната организација на трудот во 2023 година имаше теренска мисија тука во Македонија и тие изготвија Анализа со извештај со препораки затоа што треба Владата да спроведе. Ако ја евалуираме ова можеме да забележиме дека препораките на МОТ од 2023 година не се спроведени и статусот на спроведување е 5 од 10, така што тоа не е доволно мора да се направи многу повеќе за да се подобри ситуацијата.

Како Заклучок би кажал дека во својата работа морам да избирам каде ќе одам и кои земји ќе ги посетам и тука сум затоа што за жал сметам дека ситуацијата е навистина лоша од аспект на Социјалниот Дијалог, слободата на синдикатите и правата на работниците.

Нашата организација – Меѓународната конфедерација на синдикати е најголемата социјална организација на глобално ниво, ние сме претставници во Меѓународната организација на трудот и во Обединетите Нации воопшто имаме директно влијание врз одлуките и на Меѓународниот монетарен фонд и на Светската банка и на други мултилатерални институции. Така што јас оваа приказна и овие информации ќе ги понесам со мене и се надевам дека следниот пат кога ќе дојдам ќе мораме да имаме подобрувања и позитивни чекори во земјата. Имајте предвид дека светот гледа, а гледаме и ние.”

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонија прекршува еден од клучните и на…

Пораките до работниците, Владата и работодавачите од…

25 години од почетокот на воениот конфликт…

Денеска се навршуваат 25 години од официјалниот…

Гаши: Таа ноќ Кочани и Македонија изгубија…

Некои ноќи завршуваат рутински, некои ноќи завршуваат…

Обоена со сина боја зградата на МВР…

Денес на 7 март, светот ќе им…

Мицкоски телефонски разговарал со премиерот на Катар…

Премиерот Христијан Мицкоски денеска телефонски разговарал со…