Македонија прогласува уште една kpизна состојба

t

Одлука за постоење на кризна состојба во снабдувањето со топлинска енергија донесе вечерва на седница Владата, на предлог на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи.

– Со одлуката се утврдува постоење на кризна состојба во снабдувањето со топлинска енергија на подрачјето на град Скопје, заради недостиг на топлинска енергија, можноста за користење на алтернативно гориво и состојбите на пазарот на топлинска енергија – соопшти владината прес-служба.

Со денот на влегувањето во сила на оваа одлука, на предлог на Комисијата за следење на состојбите со снабдување со топлинска енергија која што ја формираше Министерството за економија, ќе се преземат мерки и активности во врска со обезбедување дополнителни количини на топлинска енергија согласно утврдената кризна состојба, согласно Законот за енергетика и Уредбата за критериумите и условите за прогласување на кризна состојба во случаи на временски и природни непогоди, хаварии и нарушувања на пазари на топлинска енергија, најавуваат од Владата.

Инаку до моментов Македонија има прогласено уште три други кризни состојби, односно една мигрантска, здравствена и енергетска кризна состојба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сообраќајот се одвива непречено, снег со слаб…

Сообраќајот на државните патишта се одвива во…

БЕГ ќе ги враќа парите на граѓаните…

БЕГ следната година ќе има обврска да…

Македонија прогласува уште една kpизна состојба

Одлука за постоење на кризна состојба во…

Зголемен број на реинфекции со Ковид-19, расте…

Министерството за здравство ја информира јавноста дека…

Состојба со Ковид-19 во Македонија: Овие градови…

Досега во земјата се направени вкупно 1.604.163…