Македонија против Хрватска – Последен тест за ракометарите пред Мундијалот
Maкедонската ракометна репрезентација вечерва од 20:15 часот во Вараждин арената ќе игра контролен натпревар против Хрватска, кој ќе биде „генерална проба“ пред Светското првенство.
Македонските ракометари и стручниот штаб утрово треба да пристигнат во Прелог, каде што ќе бидат сместени до 13 јануари кога завршуваат подготовките. Вечерашниот натпревар со Хрватска за избраниците на Лазаров ќе биде одлична можност да се види до каде е формата пред стартот на Мундијалот.
Натпреварот вечерва во Вараждин ќе се игра и пред полни трибини, па така се очекува над 5.000 навивачи да присуствуваат во арената.
Првенството Македонија го започнува на 15 јануари против Унгарија, два дена подоцна играме со Холандија, а првата фаза ја завршуваме со натпреварот против Гвиенја на 19 јануари.
Ќе потсетиме, место во следната фаза не обезбедува само последната репрезентација во групата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Наместо на одмор, младите Босанци одат на…
Значително повисоките плати за истата работа, но…
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Вајц: Бев мета затоа што одбив да…
Тој се пожали дека бил цел на…
Важно известување: АХВ со нови мерки за…
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…
Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…
Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…