Објавено на:

Македонија со пораз го започна Светското првенство во ракомет

t

Македонија загуби на првиот натпревар на Светското првенство од селекцијата на Норвешка со 39-27. Иако во одреден момент од првиот дел одигравме рамноправно, сепак една лоша серија го одреди текот на мечот. Се одлепија Норвежаните до крајот на првиот дел, 18-11,  а вториот дел беше само формалност.

Норвешка поведе со 2-0 со головите на Сагосен, а ние не реализиравме два напади по ред, пред Кузмановски по пет минути игра да намали на 2-1. Одигравме добра одбрана во следниот напад, но Оверби најде дупка во одбраната и зголеми на 4-2.

Одново Кузмановски беше прецизен, а следниот шут на Пешевски го одбрани Бергеруд. Обранивме уште еден норвешки напад, но ниту ние не реалзириавме, а тоа беше казнето и Норвешка за првпат отиде на плус три, 6-3.

По првата одбрана на Митревски, Јагуриновски постигна гол за 6-4. Беше и 8-5 по неколку брзи голови на двете страни, a по новата одбрана на нашиот голман, Македонија фати приклучок и намали на 8-7.

Комплетно се вративме во игра со прекрасниот погодок на Кузмановски за 9-9 по дваесетина минути игра. Но тоа што тешко го стигнавме, лесно го пропуштивме. Неколку наивни грешки беа доволни за Норвежаните за две минути да ни дадат четири гола и веќе беше 13-9.

Лошата серија ја прекина Манасков, потоа постигна уште еден гол по одбранетио зицер на Митревски и беше 13-11. Норвешка зголеми на 14-11, а при еден напад на ривалот се повреди Јагуриновски.

Бергеруд одбрани еден удар на Македонија, не погодија ниту Талески и Манасков, па Норвешка со серија од три гола, замина на плус седум, 18-11, резултат со кој се отиде на пауза.

Набрзина во вториот дел скандинавскиот тим се одлепи на плус десет, 25-15. Лазаров им даде шанса на Стојковиќ и на Петров во нападот, а токму членот на исландскиот Тор Акурејри погоди три пати за 27-20.

Талески реализираше за 28-21 на десетина минути до крајот, а кружниот напаѓач Петров беше во фокус во финишот и намали на 30-24. Немаше многу дилеми до крајот и Норвешка рутински ја одржа и ја зголеми предноста.

Талески имаше седум гола, Манасков даде пет, додека Кузмановски и Петров постигнаа по четири погодоци. Голманите Митревски и Томовски комбинираа осум одбрани. Македонија утре ќе има еден ден пауза, а задутре ќе се соочи со селекцијата на Холандија во второто коло.

Извор: 24Ракомет

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…

РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…

Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…

Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…

(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…

Сиљановска ќе почека да се формира новата…

ДУИ му помогна на Мицкоски за двотретинско…

Со 88 гласа “за” пред 3 часот…

Американската амбасада ќе ги подобрува односите помеѓу…

Аташето за култура и образовани на САД…