Струмичанец во тешка состојба по каснување од „црна вдовица“
На својот фејсбук профил директорот на Токсикологија Андон Чибишев објави информација дека на клиниката е примен пациент кој според симптомите најверојатно е каснат од отровниот пајак „црна вдовица“.
-Во текот на викендот на Универзитетската клиника за токсиколгија е примен пациент во исклучително тешка општа состојба заради каснување од инсект кој според информациите од дежурниот доктор од Општата болница во Струмица и кажувањето на пациентот бил црн инсект кој личел на пајак. Според клиничката слика и клиничките манифестации пациентот е каснат од пајак „црна вдовица“ (Latrodectus), инсект чие каснување може сериозно да го загрози здравјето и животот, вели Чибишев.
Чибишев го истакна „високопрофесионалниот пристап и реакцијата на дежурната екипа од Општа болница во Струмица кои пружиле соодветна итна помош и по пријавување на случајот во Токсиколошкиот информативен центар на Универзитетската клиника за токсикологија и консултација со нашиот дежурен доктор и дежурната екипа итно го транспортираа пациентот во клиниката во Скопје.“
-Исто така, сакам да го истакнам високостручниот пристап според воспоставените протоколи на дежурната екипа од Универзитетската клиника за токсикологија кои го хоспитализираа и во текот на неколку часа ја стабилизираа состојбата на пациентот, наведе Чибишев.
Пајаци од видот Latrodectus живеат на сите континенти освен на Антарктик. Во јужните делови на Европа, во Медитеранот, во областа околу Каспиското море (Кавказ) и околу Црното Море живее таканаречената европска црна вдовица. Има силен отров, гризнатиот човек чувствува силна и непријатна болка при каснувањето, но ретко случаите завршуваат фатално доколку не добијат навремено помош и серум.
Македонија не е дел од областа каде живее европската црна вдовица иако со климатските промени, многу животински видови ги шират своите живеалишта или се преселуваат кон територии каде има слични услови за живот.
Др. Чибишев во својот пост ги предупреди граѓаните да внимаваат од опасни видови на пајаци и змии, од кои доколку се отровни, може да бидат затруени како што се случи со пациентот од Струмица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кривични пријави за тројца од Подградец кои…
Албанската полиција поднела кривични пријави против тројца…
(Видео) Гори кај Богданци, се слушаат детонации…
На социјалната мрежа Х се појавија видеа…
Вучиќ: Курти се обидува да предизвика војна
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ обвини дека…
Таравари постави за директорка докторка која има…
Докторката Севдије Коџа добила решение од министерот за здравство Арбен…
(Видео) Меџити: Иван Стоилковиќ не е важен…
Иван Стоилковиќ не е важен и не…