Македонија ја очекува енергетски колапс – Владата без план за обезбедување на природен гас и заштита на граѓаните од ценовните шокови

t

Главниот град ќе остане без топлинска енергија поради ненавремено обезбедени количини на природен гас за производство на топлинска енергија, а директорот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бисломовски нема идеја како интервентно да се обезбедат потребните количини.

– Ние во тек сме, следиме, сѐ уште е проблематично обезбедувањето на природниот гас во Скопје, но јас верувам дека, со помош на Владата, ќе се најде соодветен начин оваа непријатна ситуација да се надмине, бидејќи немаме друга опција, тврди првиот човек на РКЕ Бислимовски.

Според Бислимовски, Владата е должна да помогне при обезбедување на овие неопходни количини на природен гас за производство на топлинска енергија, бидејќи како што вели во интервју за „Сител“, доколку изостане овој енергенс, тогаш очекувано е оние граѓани кои ќе останат без парно да се греат на струја што пак ќе предизвика сериозни проблеми за електро-дистрибутивната мрежа но и драстично зголемување на цените на електричната енергија.

– Доколку го немаме ние греењето со партно, ќе мора овие луѓе со нешто да се греат. Ќе се греат на струја, и, според тие податоци што ги имаме од електродистрибуција, во средини каде што е било предвидено греење со топлинска енергија, доколку се префрлат потрошувачите на греење со електрична енергија, сето тоа може да биде проблематично и се доведува во прашање дали дистрибутивната мрежа за електрична енергија може сето тоа да го издржи. Значи, во делот на топлинската енергија, секој си презема дел од своите обврски со цел да не предизвика ценовен шок, стравува Бислимовски.

Бислимовски бара и помош од градот Скопје, но и од скопските општини, иако остана нејасно како можат тие да помогнат во услови кога Владата воопшто не се занимава со проблемот.

– Јас уште еднаш и го повикал градот Скопје и општините во градот Скопје да помогнат на потрошувачите во Скопје. Едноставно, во ова тешко време секој треба да покаже солидарност. Не е тоа дека правиме притисок на градот Скопје. На месечно ниво ова зголемување значи 250 000 евра зголемен трошок кон граѓаните. Еве градот Скопје нека превземе половина, општините нека превземат половина. Треба да покажеме солидарност, треба да покажеме заедништво. Нема потреба да се прозиваме дали можеме или не можеме. Јас знам дека градот Скопје има зголемени трошоци за електрична енергија. Но снетам дека 250 000 евра на месечно ниво не се големи пари за градот Скопје и за општините во градот Скопје. Имајќи во предвид дека најголемиот трошок е набавката на природниот гас и таму може да помогне само Владата, вели Бислимовски.

Сепак, од изјавите на Марко Бислимовски се уште не е јасно каква помош очекува од општините и од градот Скопје, бидејќи и самиот тврди дека при набавката на гасот може да помогне само Владата, и ниту еден друг државен субјект.

Она што заборава да го спомене Бислимовски е како РКЕ и Владата ќе им помогнат на домаќинствата и компаниите, имајќи во предвид дека до овој момент нема соодветна стратегија за справување со енергетската криза каква што имаат европските земји.

Во мрежата на Естонија за сите потрошувачи на електрична енергија (и фирмите и домаќинствата) трошоците се преполовeни од октомври 2021 до 20 март до 2022 година. Министерот за животна средина, Тонис Молдер, објави дека вкупните трошоци за мерките изнесуваат околу 100 милиони евра.

Во Белгија Владата забрани еднострани промени во договорите за енергија, со кои добавувачите на енергија би можеле самостојно да ја зголемат фактурата за исплата на потрошувачите.

Во Грција објавени беа субвенции за сметки за електрична енергија до мнозинството грчки домаќинства и малите бизниси до крајот на годината, а истите потоа беа проширени.

Во Италија за околу 6 милиони мали бизниси и околу 29 милиони домашни потрошувачи, стапките што се однесуваат на општите системски трошоци се поставени на нула.

Во Холандија владата го намалува данокот на енергија за домаќинствата и бизнисите за 2022 година.

На 15 октомври 2021 година, португалскиот национален регулаторен орган објави тарифи за електрична енергија за 2022 година, во која ги вклучува мерките објавени од страна на Владата, со што мрежните тарифи се намалуваат повеќе од 50% за домаќинствата и 94% за индустријата.

Од другастрана пак, поради недостаток на соодветна стратегија, Македонските компании веќе плаќаат за 500% поголеми сметки за електрична енергија, а ценовниот шок драстично го руши и домашниот буџет на граѓаните каде цената за киловат е зголемена за најмалку 10% до овој момент, а се очекува да се зголеми за најмалку 30% дополнително.

Ваквото зголемување на цената на енергенсите, предупредуваат економистите ќе значи и сериозно покачување на цените на основните продукти, што неминовно води кон процес на инфлација и економска нестабилност.

Од Владата, до овој момент не одговорија на прашањата на Инфомакс во врска со можни решенија на оваа криза.

Фото:
Илустрација

А.Митовски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Испораките на руски гас во Кина ќе…

Русија и Кина разговараа за прашањето за…

Кина му помага на партнерот од БРИКС…

Јужна Африка ја доби првата серија кинески…

Норвешка заработи 31 милијарда долари поради конфликтот…

Зголемените цени на енергијата поради недостигот на…

Левица: Државната ЕСМ Продажба да ја преземе…

Денови повторно е актуелна темата за законската…

Мудис: Загрозена економската иднина на Израел

 Војната со палестинската милитантна група Хамас го…