Македонија ја победи Гвинеја – Кузмановски најефикасен со 12 голови!
Македонската ракометна репрезентација ја исполни зацртаната цел и се пласира во главната групна фаза на Светското првенство во Хрватска, Данска и Норвешка. Во одлучувачкиот натпревар од третото коло на групата Ц, нашите ракометари ја совладаа Гвинеја со 29-20 (14-10) и како третопопласирани од групата продолжуваат меѓу 24-те најдобри на турнирот.
Најефикасни во нашата селекција беа Кузмановски со дванааесет и Костески со четири гола, додека кај Гвинеја се истакна Лилијан Паске со три погодоци. Одличен натпревар запиша и Марко Кизиќ, автор на петнаесет интервенции, а една помалку запиша Рубенс Пјер на спротивната страна. Утре е слободен ден, а во вторник главната групна фаза ја започнуваме против Австрија во Вараждин.
Извор: Гол.мк
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Вајц: Бев мета затоа што одбив да…
Тој се пожали дека бил цел на…
Важно известување: АХВ со нови мерки за…
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…
Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…
Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…
Дебитантот Деспотовски: Против Белгија мораме да бидеме…
Македонската фудбалска репрезентација в петок на 6…