Македонија ја победи Швајцарија!

t

Ракометната репрезентација на Македонија со победа над Швајцарија од 29-27 (13-9) се прости од Европското првенство кое се одржува во Германија. Натпреварот во „Мерцедес-Бенз Арената“ понуди голема драма, иако во неколку наврати нашиот национален тим имаше водство и од пет гола разлика. Грешките доведоа до трилер, а за среќа Македонија издржа и запиша победа. 

За овој меч селекторот Лазаров не можеше да смета на капитенот Митревски. Од првата минута на теренот истрчабековска линија со Талески, Џонов и Јагуриновски, Пешевски беше на шест метри, а крилата Атанасијевиќ и Костески. Македонските ракометари отворија солидно, водени од Томовски кој фати неколку топки, меѓутоа расположен беше и Портнер на спротивната страна, па поради тоа по десет минути резултатот беше 3-3. Се продолжи во сличен стил, со цврста одбрана и за нијанса послаби напади на двете страни. Македонија немаше грешки во воведните минути, ама потоа имаше две во низа кои за среќа ги анулира Томовски со атрактивни интервенции. Првото наше водство дојде со голот на Пешевски за 6-5 во 17. минута. По нова одбрана проследена со гол на Митев за 7-5, селекторот Зутер прв повика тајм-аут. Реакцијата беше „македонски“ рецепт и игра „седум на шест“, ама во два напади Швајцарците погрешија и Македонија поведе со 9-5. Серијата без примен гол беше подолга од седум минути, Томовски фати и пенал, па тоа го искористи Кузмановски за прва и највисока предност од пет гола.

Две технички грешки во низа направи токму Кузмановски, а тоа резултира со резултатски кам-бек на Швајцарија до 10-8 и Лазаров го искористи правото на минута за совети. Тајм-аутот вроди со плод, па со головите на Пешевски, Јагуриновски и Кузмановски се врати предноста од пет гола. Швајцарците вратија со гол, а до полувремето ние не успеавме да погодиме и на одмор се замина со резултат 13-9. Играч на првиот дел беше Мартин Томовски кој собра седум интервенции, а по три гола дадоа Костески и Пешевски.

Второто полувреме тргна одлично за нас, со интервенција на Томовски и гол на Пешевски. Се влезе во брз ритам и размена на голови, за нашиот тим атрактивно погоди Митев од девет метри од земја, а потоа следеше и цепелин во режија на Јагуриновски и Талески. Сепак, Македонија влезе во блага криза, имаше исклучување за Џонов и тоа ривалот го искористи за од 17-12 да намали на само два гола негатива. По тајм-аутот на Лазаров следеше консолидација, а во следниот период предноста варираше меѓу три и четири гола. Следеше период на неколку нереализирани напади на Македонија, а тоа го казнија Швајцарците и намалија на 21-20. Се играше неколку минути брзо и гол за гол, па само се чекаше моментот кога ќе погрешиме. Откако еднаш ривалот не искористи контра на празен гол, сепак Шмид го казни тоа со гол за 23-23. Одново Македонија погреши со играч помалку, а на спротивната страна имаше пенал по кој Кизиќ го одбрани шутот на Зендер. Грешките зачестија, а тоа Швајцарија го казни и во 55 минута поведе со голот на Шмид по навистина долго време.

Јасно беше дека следи голема драма во завршницата. За жал ситуацијата се промени, па ние бевме тие кои бркавме негатива. Во последните две минути се влезе со нерешени 27-27, Швајцарците одиграа до пасива и погрешија, а во контра водството го врати Томислав Јагуриновски. Последниот наш напад беше со 30 секунди и „нацртан“ од Лазаров, па Митев ја потврди победата.

Извор: Gol.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…

РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…

Многу успех! Ултрамаратонецот Тони Манев ќе ја…

Ултрамаратонецот Тони Манев од Штип веќе шест…

Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…

Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…

Володин: Конференцијата во Швајцарија нема никаква смисла,…

Одреден број пратеници на украинската Врховна рада…

(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…

Сиљановска ќе почека да се формира новата…