Македонија ја прегази Естонија и дојде на еден чекор од ново Европско првенство!
Македонската ракометна репрезентација направи голем чекор кон ново учество на Европското првенство, откако денеска убедливо со 19 голови разлика ја совлада Естонија на гостински терен во Талин.
Натпреварот започна фуриозно за нашите ракометари и набрзо дојдовме до предност од шест гола разлика 2-8.
Играта со висок интензитет и цврста одбрана продолжи и во продолжението, па во 23. минута за првпат дојдовме до двоцифрена разлика (15-5). Првото полувреме го завршивме со убедливи 19-10, а впечатокот беше дека Естонија едноставно немаше одговор.
Во вториот дел, сликата на теренот остана непроменета. Македонија ја контролираше играта, ја одржуваше високата разлика која и се зголемуваше, додека домаќините не успеаја да се заканат ниту во еден момент. На крајот, триумфиравме со разлика од дури 19 голови разлика.
Кузмановски со пет гола беше најефикасен потоа следеа Серафимов о пет и Лазаревски со четири.
Избраниците на Лазаров сега ги очекува натпреварот со Литванија на домашен терен в недела во кој ќе играме за пласман на уште едно Европско првенство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Вајц: Бев мета затоа што одбив да…
Тој се пожали дека бил цел на…
Важно известување: АХВ со нови мерки за…
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…
Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…
Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…
Дебитантот Деспотовски: Против Белгија мораме да бидеме…
Македонската фудбалска репрезентација в петок на 6…