Македонија ја прифати поканата од Унгарија и Србија за изградба на брза железница
Македонија ја прифати поканата од Унгарија и Србија за приклучување кон проектот брза железница по Коридор 10. Извори од Владата брифираат дека наскоро министерот за транспорт и врски Благој Бочварски ќе го потпише меморандумот.
Изградбата на брзата железница помеѓу Будимпешта и Белград е веќе започната. Од Прешево треба да продолжи преку Скопје кон Евзони, како што информираат од Владата. Потребната сума за proektot, според првичните проекции, е 1,5 милијарди евра, но поврзувањето ќе биде финансирано од европски пари, односно самата ЕУ е силно заинтересирана за овој проект, и голем дел од средствата би се исплатиле како европски грант.
Српските и унгарските министри за транспорт на крајот на март ги поканија колегите од регионот да се приклучат на изградбата на брзата железница. Покани беа испратени уште до Бугарија, Албанија, Грција и Турција.
Врзата железница би го поврзала северниот дел од регионот со турскиот и грчкиот брег за патнички и карго сообраќај. Брзата пруга од Белград треба да продолжи во три правци, преку Бугарија во правец кон Турција и преку Македонија во правец кон Грција, односно кон Албанија, да ја прошири мрежата на брзи железници и на овој начин стоката со железница значително полесно може да се транспортира во ЕУ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…