Објавено на:

Македонија ќе назадува четири позиции на ФИФА-листата

t

Македонската фудбалска репрезентација после двата јунски порази од Украина во Скопје со 2-3 и историската бламажа пред два дена со Англија (0-7) ќе назадува за четири позиции на рангирањето на Светската фудбалска федерација (ФИФА), покажуваат првите пресметки на специјализираните страници за ранкинг.

Црвено-жолтите после двата порази загубија 12,5 рејтинг-поени, па на јулското рангирање на ФИФА ќе имаат 1.350,56 рејтинг-поени и со назадување за четири позиции ќе бидат пласирани на 69-то место, зад Исланд кој исто така назадува четири позиции и ни бега само два рејтинг поени, а пред Македонија сега се Албанија, Капе Верде и ДР Конго кои ќе напредуваат на листата.

Англија која нѐ сотре и со една нога веќе е на Еуро 2020 сега ќе биде четвртопласирана на светската листа, Италија ќе остане осма, додека Украина по двата триумфи со нас и со Малта ќе напредува дури за шест позиции до 24-то место на рангирањето.

Најслаб пласман на Македонија во последниве три години откако оваа генерација ги направи најголемите успеси во историјата со настап на Еуро 2020 и со мундијалското бараж-финале минатата година е 74-то место од септември и октомври 2021 година.

Извор: sport1.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Акиов и се извини на службеничката за…

По насилниот инцидент на денешната седница на…

Трагeдија во Охрид: Жена загина кога автомобил…

45-годишна жена од Охрид трагично го загуби…

Владата ќе ги покачува пензиите непосредно пред…

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, денеска…

Дали ДПМНЕ го награди Максим со 243…

Од унгарскиот кредит од 50 милиони евра,…

Николоски: ОПОЗИЦИЈАТА ЌЕ ОСВОИ ОД 0 ДО…

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски…