Македонија ќе остане без гас, „Газпром“ ја запира испораката на гас во Бугарија
„Газпром“ ја сопира доставата на гас во Бугарија, а со тоа и на Македонија, имајќи во предвид дека нашата економија влечеше количини на гас преку конекторот кој во 2014. година беше направен во Клечовце, а го отвори тогашниот премиер Никола Груевски.
На оваа гасоводна цевка, конектори имаат Македонија и Србија.
Денес, како што соопштуваат бугарските медиуми, „Булгаргаз“ добил известување дека доставата на природен гас од „Газпром Експорт“ ќе бидат запрени, заклучно од 27. април 2022. година.
Бугарската страна, пренесуваат тамошните медиуми ги има исполнето сите должности и ги има извршено сите плаќања кои произлегуваат од набавката на гас според склучените договори, и тоа, согласно со сите клаузули потпишани со „Газпром“.
Според зборовите на шефот на кабинет на бугарската влада Лена Бориславова премиерот и вицепремиерот на државата се запознати со ситуацијата, а причина за паника, велат нема, бидејќи уште во фебруари Бугарија има обезбедено доволни количини на гас.
Македонија уште во ноември минатата година имаше недостаток на гас, а ниту еден субјект немаше склучено долгорочен договор за набавка на гас, со што државава останува без доволни количини на природен гас.
На природен гас работат речиси сите странски инвестиции во земјава, тешката индустрија, производителите на топлинска енергија, но и често се користи како главен енергенс во лесна индустрија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Унгарскиот МОЛ сака да ја купи рафинеријата…
Унгарската компанија за нафта и гас МОЛ…
Двајца Македонци фатени со 137 килограми марихуана…
Двајца државјани на Македонија се приведени на…
Љубчо Георгиевски на свое барање се сретнал…
Бугарскиот претседател Румен Радев го примил во…
Бугарскиот пазар полуде: Се нуди паркинг место…
Гаража или паркинг место за автомобил во…
Македонската кујна на 47. место меѓу најдобрите…
Популарниот гастрономски портал за храна и патувања,…