Македонија ќе плати милиони евра за оштети поради пресуди на Европскиот суд за човекови права?
Агентката на Владата за застапување на државата пред Судот за човекови права, Даница Џонова, во своето вечерашно гостување во емисијата „Економски Магазин“ на Алсат рече дека засега највисокиот износ што компанија го добила против државата изнесува околу 60 илајди евра, но нагласи дека побарувањата коишто се однесуваат на прекршување на правото на сопственост може да достигнат и милионски суми, коишто би ги исплатила државата.
„Ако гледаме само низ призмата на бизнис компаниите, како апликанти пред Европскиот суд за човекови права, тогаш највисокиот досуден износ по трите основи – надомест на материјална, нематеријална штета и надомест на трошоци во постапката, износот е околу 60 илјади евра. Предметите каде што особено се актуелизира правото на сопственост во принцип тежат прилично финансиски…ние во постапка имаме предмети, во кои апликанти се бизнис компании, каде штетните побарувања надминуваат милионски суми кои треба да се исплатат од буџетот на државата“, вели Џонова.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Вајц: Бев мета затоа што одбив да…
Тој се пожали дека бил цел на…
Важно известување: АХВ со нови мерки за…
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…
Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…
Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…
Дебитантот Деспотовски: Против Белгија мораме да бидеме…
Македонската фудбалска репрезентација в петок на 6…