Македонија ќе треба да му плати на поранешен „Хеленик петролеум“ 25,6 милиони евра
Арбитражниот суд во Париз донел одлука во корист на Хеленик енерџи која пред судот ја тужеше Македонија поради неисполнување на договорот за ОКТА потпишан во времето на премиерот Љубчо Георгиевски и ВМРО-ДПМНЕ, пренесува Телма.
Информацијата ја објавија повеќе грчки медиуми кои тврдат дека Хеленик енерџ, поранешен Хеленик Петролеум, добил 80 проценти од бараните 32 милиони евра, односно Македонија ќе треба да и исплати на грчата енергетска компанија 25,6 милиони евра.
Според грчките медиуми, арбитражата всушност ја забрзува постапката за повторно отварање на нафтоводот Солун-Скопје односно продуктоводот според плановите. Медиумите на југ од границата тврдат дека парите кои Македонија ќе и ги исплати на Грција ќе бидат искористени за модернизација на овој нафтовод за да се користи за транспорт на гориво.
Македонските надлежни органи засега не објавија информации за губењето на спорот пред арбитражата во Париз ниту пак најавија дека парите од отштетата ќе бидат користени за грчките трошоци за нафтоводот. Телма упати прашање до владата и министерствата за економија и за правда. Нејасно е како вложувањето на отштетата во продуктоводот Солун-Скопје ќе влијае врз државната сопственост. Македонија има 20 % удел во компанијата која стопанисува со продуктоводот, додека Окта односно Хеленик има 80 % и дополнително ќе вложи уште 25,6 милиони евра.
Спорот го обнови Хеленик Петролеум во 2019-та година поради престанок на користење на штетната клаузула за увоз на мазут од Грција. Во 1998-ма година владата на Љупчо Георгиевски и ВМРО-ДПМНЕ ја продаде ОКТА на Хеленик Петролеум со обврска во наредните 20 години, Македонија да увезува по 500 илјади тони мазут годишно, објавија медиумите во Грција.
Количината беше преголема за државата, а од еколошки причини опаѓаше користењето на мазут. Поради непочитување на одредбата, Хеленик ја тужеше Македонија и доби 25,6 милиони евра.
Извор: Телма
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…
РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…
Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…
Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…
(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…
Сиљановска ќе почека да се формира новата…
ДУИ му помогна на Мицкоски за двотретинско…
Со 88 гласа “за” пред 3 часот…
Американската амбасада ќе ги подобрува односите помеѓу…
Аташето за култура и образовани на САД…