Македонка била касната од отровна риба „Драгон“ во Грција
Македонка била касната од риба “драгон“ (или змеј) на плажа во Грција. Таа на социјалните мрежи го опиша пеколот низ кој поминала откако наишла на овој опасен вид риба. Инцидентот се случил во местото Неа Каликратија на грчкиот брег.
Како што напиша таа на Фејсбук, по убодот имала ужасни болки и дека отровот многу брзо се проширил по целата нога.
„Предупредување за отровната риба Драгон. Пред пет дена ме каснала оваа отровна риба во На Каликратија, во плитките води, на само три метри од влезот во водата. „Изгледа страшно! Целата нога ми беше отечена, и имав ужасни болки. Отровот брзо се прошири низ целата нога. Ми рекоа веднаш да одам во болница и ја ставија ногата во топла, врела вода. Така го извлекоа отровот и после тоа се чувствував подобро. Ги предупредувам сите да бидат внимателни, особено малите деца. „Носете гумени сандали“, напиша таа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонка била касната од отровна риба „Драгон“…
Македонка била касната од риба “драгон“ (или…
Во Чаир кај Изет не смеат да…
Полицијата во Демир Хисар денеска составила записник…
Почина оперската примадона Милка Ефтимова
Оперската примадона и доајен на Македонската опера…
Москва: Киев ги засилува терористичките активности пред…
Киев ги засилува терористичките активности против руските…
Мицкоски со пофалби за Рамковниот договор: Донесе…
истина – дека државата ја имаме само…