Македонската амбасадорка се сретна со бугарскиот МНР: Заеднички интерес е да се надминат негативните манифестации
Постигнатиот компромис со т.н францускиот предлог, имплементацијата на Договорот од 2017 година и билатералните протоколи на состаноците на Мешовитата меѓувладина комисија го поставуваат механизмот за решавање на постојните прашања, истакнал в.д. министерот за надворешни работи на Бугарија, Николај Милков на средбата со Агнеса Руси Поповска, амбасадорка на Македонија во Бугарија.
Ова на нивната веб-страница го објави Министерството за надворешни работи на Бугарија, по вчерашната средба на министерот Милков со новоименуваниот македонски амбасадор.
Милков го изразил своето задоволство што со именувањето на амбасадор во Софија, конечно е надминат дефицитот во билатералниот дипломатски дијалог, што ќе даде можност активно да продолжи да се работи на клучните прашања од политичката агенда.
-На средбата се разговарало и за можностите за развој на длабинска и ефективна секторска соработка. Во таа насока, забележан е позитивен тренд во трговско-економските односи и зголемување на билатералната трговска размена, како и активната активност на културните центри од двете земји. Министерот Милков изрази загриженост за последните случувања во билатералните односи, поконкретно за правата на Бугарите во Република Македонија, соопштило бугарското МНР.
-Двете страни се обединија околу мислењето дека од заеднички интерес е да се фокусираат повеќе напори за надминување на влијанието на негативните манифестации и повторно активирање на позитивната динамика во билатералните односи. Министерот Милков ја истакна потребата од создавање позитивна атмосфера во која доминантно е партнерството. Тој ја увери Поповска дека во лицето на МНР има конструктивен партнер подготвен за директна и отворена комуникација за сите прашања од билатералната агенда, посочуваат од бугарското МНР.
Руси Поповска беше назначена за амбасадорка во Бугарија на почетокот на септември од претседателот Стево Пендаровски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бугарскиот парламент забрани промоција на нетрадиционална сексуална…
По повеќе од 4 часа дебати и…
Траги-комедија во Бугарија: Огромен крокодил живее меѓу…
Двометарски нилски крокодил живее во јама на…
Земјотрес во Бугарија
Слаб земјотрес со јачина од 2,3 степени…
Се крчкаат нови предвремени избори во Бугарија
Бугарската партија „Има таков народ“ (ИТН) утре…
Македонија ја прегази Бугарија за финале на…
Македонската кошарка има нови јунаци! Јуниорската репрезентација на Македонија на…