Македонската армија назадува на листата на најмоќни војски, сега е меѓу Зимбабве и Јужен Судан

t

Годишната листа „Global Firepower“, која ги рангира најмоќните армии во светот, е објавено – како и лани и во минатите години, Соединетите Американски Држави се на САД остануваат на врвот како најсилна воена сила, а веднаш зад нив се Русија, Кина, Индија, Обединетото Кралство и Франција.

Украина, која три години е во војна по руската агресија, се наоѓа на 20-тото место на оваа листа.

Македонската армија забележа пад од две позиции на листата и годинава е 112-та место од вкупно 145 држави и се наоѓа под армијата на Зимбабве и над војската на Јужен Судан.

Oд нашите соседни земји, најдобро е рангирана Грција, на 30-тото место. Бугарија е на 62. место, Србија веднаш зад неа на 63. позиција, Хрватска е 74-та, Словенија 78-ма, Црна Гора 96-та, додека Косово е на 141. место.

Методологијата на GFP користи над 60 фактори за да го пресмета т.н. „firepower index“ на секоја држава, вклучувајќи ја бројноста на вооружените сили, финансиската состојба, логистичките капацитети, географската положба и достапноста на ресурси. Листата се фокусира на конвенционалните вооружени сили, додека нуклеарните капацитети не се земени предвид.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДУИ го повика НАТО да интервенира за…

Намерното исклучување на Албанците од клучните позиции…

ВЛЕН се пофали дека за прв пат…

„Нонграта од ДУИ почна да спие подлабоко,…

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова потпиша укази за унапредување…

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во согласност со одредбите…

Македонската армија назадува на листата на најмоќни…

Годишната листа „Global Firepower“, која ги рангира…

ДУИ обвинува за дискриминација во Министерството за…

ДУИ на прес-конференција обвини дека во последните…