Зошто нашите иселеници враќаат најмалку пари во споредба со другите од Балканот?
Податоците на Евростат покажуваат дека во текот на 2020 година, од земјите на Европската Унија (ЕУ) кон балканските земји испратени се над 8,5 милијарди евра, пренесува Агенција Анадолија.
Во текот на 2020 година дијаспората испратила 361 милион евра во Република Северна Македонија, што е околу 3,4 проценти од бруто-домашниот производ на земјата. Тоа е најмалку доколку се споредат податоците со земјите во регионот.
Од регионот, личните дотации од странство се најголеми во Србија и изнесуваат околу 3,37 милијарди евра, а тоа е 7,2 % од БДП на земјата. По Србија, дијаспората од ЕУ најмногу пари испратила во Босна и Херцеговина – 1,63 милијарди евра (9,3 % од БДП), потоа следуваат Албанија – 1,27 милијарди евра (9,8 % од БДП), Косово – 1,25 милијарди евра (18,5 % од БДП) и Црна Гора – 524 милиони евра (12,5 % од БДП).
Во рамките на ЕУ, според податоците на Евростат, најголема зависност од лични дотации од странство во 2020 година имале Хрватска – 7,3 отсто од БДП, Летонија -3,2 отсто од ПДБ и Романија – 3,1 процент.
Податоците од Евростат покажуваат и дека во 2020 година текот на пари испратени од резиденти на ЕУ во земји кои не се дел од ЕУ, како лични трансфери изнесуваат 34,1 милијарда евра, што е раст од 3 проценти споредено со 33,2 милијарди евра во 2019 година.
Приливот на пари во ЕУ во 2020 година изнесува 12 милијарди евра. Тоа е намалување од 6 проценти, споредено со 12,8 милијарди евра во 2019 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Гласањето на затворениците, болните и дијаспората почна…
Вкупно 6.935 болни и изнемоштени, затвореници во…
Рекордно висок месечен трговски суфицит во еврозоната
Месечниот трговски суфицит на еврозоната се искачи…
Внатрешните несогласувања во ЕУ се пречка за…
Компромисот во блокот е попречен од подемот…
САД: Немаме повеќе пари за финансирање на…
Американската влада нема повеќе пари за финансирање…
Денис Шмигал соопшти дека Украина ја доби…
„Украина ја доби деветтата транша од макрофинансиската…