Македонската и бугарската антитерористичка единица со заеднички вежби во Охрид
Демонстрација на заедничката оперативно-тактичка вежба „ХАРПУН 2022“ со учество на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ од Република Македонија и Специјалниот одред за борба против тероризмот на Министерството за внатрешни работи на Бугарија, во соработка со Секторот за воздухопловни единици на Министерството за внатрешни работи на Македонија, денеска ќе се одржи на брегот на Охридското Езеро до Граничната полициска станица Охридско Езеро, информираат од нашето Министерство за внатрешни работи.
Ова е втора ваква заедничка вежба за оваа година, по онаа што се одржа во јуни 2022 година во Софија. На неа ќе присуствуваат делегации од двете министерства, предводени од министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и заменик министерот за внатрешни работи на Република Бугарија, Венцислав Катинов.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Земјотрес во Бугарија
Слаб земјотрес со јачина од 2,3 степени…
Се крчкаат нови предвремени избори во Бугарија
Бугарската партија „Има таков народ“ (ИТН) утре…
Македонија ја прегази Бугарија за финале на…
Македонската кошарка има нови јунаци! Јуниорската репрезентација на Македонија на…
МНР: Очекуваме Бугарија да ги преземе сите…
Република Северна Македонија е силно посветена на…
(Видео) Огромен пожар од Бугарија се движи…
Огромен пожар беснее кај Струмјани во Благоевградско,…