Македонската химна полни 83 години
Македонската државна химна „Денес над Македонија“ ноќва полни 83 години од својата прва изведба на дочекот на тогаш новата 1942 година во куќата на Сотир Шута во Струга од активисти на народноослободителното движење од градот на Охридско Езеро и од неговото опкружување.
„Со оглед на околностите, тоа секаде се прави да не падне во очи, пречекот на новата година имаше цел да се собере младината и под оваа форма да се разговара за претстојниот вооружен отпор против фашизмот. Тогаш се информирав и за нападот на полицискиот участок во Прилеп и нападите во Куманово. Што се однесува на програмата за дочек на новата година, јас, Боро Путе и Димче Кошарко ја подготвивме песната ‘Денес над Македонија’, која набрзо ќе стане најпопуларна во цела Македонија и која до ден денес се одржува како македонска химна“, се присетува подоцна авторот на химната, писателот Владо Малески.
Нотниот запис е на композиторот Тодор Скаловски од 1944 година, а химната ќе доживее неколку трансформации пред денешната форма утврдена од Собранието на независна Република Македонија на 11 август 1992 година.
Химната беше изгласана со 88 гласа „за“, а пратениците од коалицијата ПДП-НДП го бојкотираа гласањето.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Вајц: Бев мета затоа што одбив да…
Тој се пожали дека бил цел на…
Важно известување: АХВ со нови мерки за…
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…
Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…
Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…
Дебитантот Деспотовски: Против Белгија мораме да бидеме…
Македонската фудбалска репрезентација в петок на 6…