Македонска вечер во Белград: Се дегустираа вина и храна од Македонија

t

Вечерва, во рамките на меѓународен саем за вино, храна и туризам во Белград се одржа „Македонска вечер“, на којашто домаќин беше претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски.

Во поздравното обраќање премиерот Ковачевски рече дека македонската култура и традиција се познати на регионот и на светот меѓудругото и по македонското вино, храна, музика, што ја промовираат државата и како посебна туристичка дестинација

„Ве поканувам заедно да ги дегустираме македонското вино и македонската храна автентични за нашата македонска држава. Во Македонија културата и гостопримството се спојуваат и создаваат незаборавни патувања“, рече премиерот Ковачевски.

На „Македоската вечер“ присуствуваа бројни гости од политиката, дипломатијата, стопанските комори од Србија, Црна Гора, Македонија, медиуми.
Дегустацијата на посебните вкусови на македонските вина и храна беше проследена со културно уметничка програма, настап на македонски џез оркестар и на естрадни уметници.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Протест на Србите во Северна Митровица: За…

Србите од северот на Косово денеска се…

Има само шест години: Малиот Никола од…

Никола Јовиќ од Сремска Митровица е мал…

Србија ќе изгради музеј во чест на…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави…

Нови протести против ископувањето на литиум во…

Во Јагодина, Сремска Митровица, Инѓа и Книќ…

Вучиќ: Курти се обидува да предизвика војна

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ обвини дека…