Македонскиот амбасадор и дипломати се кријат во скрвница во Киев – МНР се обидува да ги евакуира
Во источниот дел на Украина заглавено е семејство со едногодишно дете, а има и граѓани кои се во Одеса за кои МНР контактирало со Бугарија која има таму конзулат со цел заедно со бугарските да ги евакуираат и македонските граѓаните.
Ситуацијата во Украина не е добра, посебно во Киев кој е опколен, информираше денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи.
Нашиот амбасадор, Кирил Ефремов, и уште еден дипломат во Киев, заедно со уште двајца граѓани поголемиот дел од денот и ноќта го поминале во скривница, а МНР се обидува да ги евакуира со конвоите кои би ги организирале и другите земји за нивните амбасади.
„Ние сме во комуникација со нашата амбасада, за жал ситуацијата не е добра, посебно во Киев. Амбасадорот и дипломатот и двајца други граѓани кои се во амбасадата, поголемиот дел од денот го поминуваат во скривница отколку во Амбасадата. Не може ни да одат во нивните резиденции туку остануваат и преспале во Амбасадата. Се обидуваме да ги евакуираме. Јас имав неколку контакти со колеги и министри од регионот, има околу 20-ти амбасадори на ЕУ во Киев кои исто така не може да излезат. Правиме аранжмани, доколку кој било од овие земји кои имаат амбасади таму, обезбеди прв транспорт да можеме и нашите дипломати да ги извадиме до Полска“, рече Османи.
Тие и од скривница, наведува министерот, комуницираат со нашите граѓани во Украина. Во источниот дел на Украина заглавено е семејство со едногодишно дете, а има и граѓани кои се во Одеса за кои МНР контактирало со Бугарија која има таму конзулат со цел заедно со бугарските да ги евакуираат и македонските граѓаните.
„Иако како што кажав поголемиот дел од денот нашите дипломати даваа патни исправи на граѓани, но и тие граѓани кои ги добија патните исправи не може да излезат. Со едно семејство со едногодишно дете кои се во источниот дел на Украина комуницирав директно. За неколку граѓани кои се во Одеса вчера разговарав со министерката за надворешни работи во Република Бугарија, бидејќи тие имаат конзулат во Одеса, да може со нивните автобуси со кои ќе ги преземаат своите да ги преземат и овие граѓани. Вчера доцна го поврзав нашиот амбасадор со генералниот конзул на Бугарија во Одеса за да ги информираат овие граѓани каде да чекаат. Се надеваме, денот е пред нас. Но, последната информација од амбасадорот е дека Киев е опколен и дека засега нема услови ниту да ги напуштат скривниците“, изјави денеска Османи.
Одговарајќи на новинарски прашања околу тоа што директно нашата држава може да направи, шефот на дипломатијата рече дека ние сме едно со земјите-членки на НАТО и „една држава да преземе акција, тоа е како и другата држава да презела акција“.
„И тоа е повеќе од практични причини. Република Бугарија има многу поголема амбасада и многу повеќе луѓе, другите амбасади исто така. Ние бидејќи имаме само двајца може да се приклучат кон другите конвои“,
рече Османи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нигеp ги пpекинува дипломатските односи со Укpаина
Нигер ги прекинува дипломатските односи со Украина…
Украина ја засилува својата ракетна програма, Зеленски…
Украина издвојува дополнителни средства за својата ракетна…
„Њујорк Тајмс“: Иран бара од Русија напредни…
Иранската влада побарала од Русија напредни радари…
ЕУ исплаќа 4,2 милијарди евра финансиска помош…
Земјите од Европската унија денеска ја одобрија…
Кулеба ќе ги убедува африканските држави да…
Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, ќе…