Македонскиот државјанин е во добра состојба, случајно се нашол на местото на престрелката во Белград, велат од МНР

Македонскиот државјнанин кој вчера вечерта беше ранет во престрелка во Белград е во добра состојба и му е пружена потребната медицинска нега, велат од МНР за Инфомакс.
Оттаму додаваат дека на местото на настанот биле присутни двајца македонски државјнаи, кои случајно се нашле таму и немаат никаква врска со престрелката. Едниот од нив по пукањето бил веднаш пренесен во соодветната клиника каде му била дадена соодветна медицинска нега. Во болницата бил посетен и од македонски дипломат од амбасадата во Белград, додаваат од МНР.
Во текот на вчерашниот ден нешто пред 20 часот во белградската населба Врачар се случи престрелка во која беа повредени двајца луѓе, од кои едниот е македонски државјанин.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тажна вест од Србија: Поранешен кошаркар на…
Трагични вести пристигнуваат попладнево од Србија каде…
Франс прес за протестите во Македонија и…
„Од улиците на Белград во Србија до…
Авион се урна во река во Белград,…
Хидроавион Цесна 206, се урнал во реката…
„Кој е следен?“ демантираат: Не сме дел…
Не сме дел од никаква група за…
Вучиќ најавува контрапротести низ Србија со кои…
Српскиот претседател Александар Вучиќ најави формирање на…