Македонскиот карате-тим се враќа со бронза од Тунис

Сениорскиот карате-тим на Македонија се закити со бронзен медал на медитеранското првенство што викендов се одржа во Радес, Тунис. Дополнително, македонските претставници остварија и три високи пласмани, исто така, во најсилната, сениорска, конкуренција. Осум членови на скопски „Макпетрол“ беа дел од нашата репрезентација.
Македонската сениорска карате-репрезентација, се пласира на третата позиција во најтешката дисциплина – екипно борби за мажи. Во наведената дисциплина, ова е прво одличје за Македонија на медитеранските првенства. Медалот го освоија: Петар Заборски, Петар Спасеновски, Давид Петков, Стефан Стојановиќ, сите членови на „Макпетрол“, како и Мурсел Мисими од кумановски „Башкими“.
Борбата за медал беше со репрезентацијата на Тунис. Македонскиот тим оствари убедлива победа со 3-0, додека индвидуалните спортисти триумфираа со следните резултати: Давид Петков (5-1), Стефан Стојановиќ (1-0), Петар Заборски (3-0). Освен Македонија, Алжир, исто така, освои бронза. Второпласиран во категоријата екипно борби за мажи беше Либија, а шампион е Египет.
Во поединечните категории беа остварени три високи пласмани, сите од членови на „Макпетрол“: Петар Спасеновски (-84 кг.) и Ангела Мојсовска (-68 кг.) се најдоа на петтото место, додека Симона Заборска (-61 кг.) натпреварувањето го заврши на седмата позиција.
Ова медитеранско првенство беше одбележано од навистина силна конкуренција. Дел од него беа 19 најелитни и најдобро рангирани светски тимови. Вкупно учествуваа 447 спортисти во машка и во женска конкуренција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Се врати во Македонија првиот од 115…
Попладнево во земјава пристигна првиот пациент кој…
ДУИ: Фактот дека од 35-те приведени лица,…
Демократската унија за интеграција изразува најискрено сочувство…
„Мајкино око душата ми е распарчена“: Млада…
Трагедијата која го погоди Кочани и целата…
Факултетско студентско собрание на Филозофскиот факултет при…
Независно Студентско Собрание при УКИМ соопшти дека…
(Возневирувачко видео) Се прошируваат гробиштата во Кочани,…
Гробиштата во Кочани се прошируваат за да…